Сезоната 2001-2002 за фудбалскиот клуб Јувентус била 104-та од неговото основање и 100-та последователна сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал.
Преглед на сезоната Пред стартот на сезоната Јувентус довел неколку значајни засилувања. Голманот Џанлујџи Буфон кој дошол од Парма за 53 милиони евра, станал најскапо платениот голман на сите времиња. Заедно со него од Парма дошол и Лилијан Тирам, кој пак не успеал да се воспостави како централен дефанзивец и завршил како стартер на позицијата десен бек. Павел Недвед дошол од Лацио (како замена за заминатиот Зинедин Зидан) и одиграл солидна сезона, сепак без формата во која тој настапувал неколку години пред тоа, додека колегата од Лацио, Марсело Салас, пак се претворил во апсолутно промашување, откако целосно не успеал да се вклопи на условите во новата средина, поминувајќи ја речиси целата сезона седнат на клупата за резерви. Од друга страна пак, кога се во прашање заминатите играчи, трансферот на Зидан од Јувентус во бил светски рекорд во тоа време, и го чинел шпанскиот клуб 75 милиони евра. Покрај Зидан, клубот го напуштиле и Филипо Инѕаги и Едвин ван дер Сар. Во новата сезона дошло до промена и на тренерската клупа, каде се вратил Марчело Липи за да го замени Карло Анчелоти.
Во сезоната 2001-2002, Јувентус ставил крај на тригодишната суша без првенствена титула, по невероватниот пресврт на крајот од сезоната во кој и среќата им била наклонета во текот на последното коло на Серија А, кога тогашниот водач Интер настрадал од колапсот на нерви. Во последното коло од лигата, Јувентус го победил со 2-0 на гостински терен Удинезе, додека Интер загубил од Лацио со 2-4 и така ги загубил двата бода предност на врвот на табелата. Со тоа Јувентус го освоил 26-тиот наслов шампион на Италија, и ја поправил сликата по разочарувачкото испаѓање од Лигата на шампионите во втората групна фаза. Тие исто така, стигнале до финалето на Купот на Италија каде го загубиле трофејот од ; иако вкупниот резултат по двата натпревари бил нерешен 2-2, пресудило правилото за гол во гости.
Како за клубот така и за поединечните играчи, оваа сезона била значајна затоа што новиот голман Џанлујџи Буфон бил прогласен за најдобар голман во светот, додека напаѓачот Давид Трезеге го направил пробивот во Серија А, и ја споделил наградата за најдобар стрелец со Дарио Хубнер од екипата на Пјаченца. Алесандро Дел Пјеро исто така, одиграл клучна улога во успехот, постигнувајќи 16 гола.
Состав
играчите во италик го напуштиле клубот во текот на сезоната
Натпреварувања во сезоната Серија А
Завршна табела Екипа 1.7134201136423+41 2.7034191325824+34 3.693420956235+27 4.5534141374733+145.5434141285752+56.5334141195037+13 7.52341571240400 8.4634137143846-89.4534129134150-9Победник на Куп на Италија.10.4434128144347-4 11.43341013113739-212.4234119144943+613.4034913124352-914.4034117164152-11 15.3934116174153-12 16.2834610183656-20 17.Al termine del campionato fallisce per bancarotta, ripartendo dalla Serie C2 con il nome di Florentia Viola.223457222963-34 18.183439223061-31
<small>Легенда: Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2002-2003. Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2002-2003. Се квалификува за третото коло од квалификациите за УЕФА Лигата на шампионите 2002-2003 Се квалификува за првото коло на Куп на УЕФА 2002-2003. Се квалификува за третото коло или второто коло на Интертото куп 2002. Испаѓа во Серија Б 2002-2003.
Нотес: Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз. Аталанта одбила да игра во Интертото купот.
</div>
Натпревари
Куп на Италија
Осминафинале
Четвртфинале
Полуфинале
Финале
Лига на шампиони
Групна фаза Група Е Екипа 6321118+311 631275+210 6303811−39 611446−24
Втора групна фаза Група Д Екипа 63121111010 631276+110 62138807 621378−17
Список на стрелци ИграчЛигаЛШКупВкупно1 Давид Трезеге2490332 Алесандро Дел Пјеро1641213 Никола Аморузо01674 Марсело Залајета0156 Игор Тудор42066 Павел Недвед4004 Чиро Ферара3014
Наводи
Надворешни врски Статистика на Myjuve.it Rosa su Calciatori.com
Категорија:Сезони на ФК Јувентус