мини|Жетва со комбајн. мини|Жетва на рака. Русија, 1910 Жетва — постапка на собирање на узреаните посеви од полињата. Чинот на сечење на житарки или зрнести растенија се нарекува „жнеење“ жетва - Дигитален речник на македонскиот јазик и се врши со рачни орудија (коса, срп) или со механизација (жнеалка или комбајн). Жетвата го означува крајот на сезоната на узревање на посевот и истата има големо културно значење во народниот живот во сите земји. Најзначајни се жетвените празници и обичаи на кои се прославува бериќетната година, се благословува земјата и се изразува благодарност.
Кај малите земјопоседници, жетвата се одвива со рачни орудија, а големите полиња се жнеат исклучиво со машини, т.е. автоматизирана земјоделска машинерија како што е комбајнот. Под поимот „жетва“ може да се подразберат и активностите непосредно по сечењето на растенијата како разладување, сортирање, чистење и пакување до моментот кога истите одат за откуп.
Македонски жетварски песни „Ѕвездо, т’нка и висока“Народна поезија, „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 44. „Ветар повеја, достум Стано“Народна поезија, „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 44. „Заплакала ми голема нива“Народна поезија, „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 45.
Жетвата како мотив во уметноста и во популарната култура „Жетва“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 21. „Жетва“ — песна на македонскиот поет Јован Котески. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 14-15. „Жетвениот дар“ — песна на ирскиот поет Шејмас Хини.Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 78-79. „Жетва“ (англиски: Harvest) — песна од истоимениот музички албум на американскиот рок-музичар Нил Јанг (Neil Young) од 1972 година. YouTube, Neil Young - Harvest (пристапено на 13 март 2021)
Поврзано Жетвени обичаи и празници Жнеалка Вршење Веење Комбајн Берба Гроздобер
Наводи
Надворешни врски
Жетварски обичаи од село Лешко, Горноџумајско Жетварски обичаи од Дебрца Традиционален почеток на оризовата жетва во Кочани
Категорија:Земјоделство