Мездра () — град во северозападниот дел на Бугарија, во Врачанската Област. Градот е административен центар на општина Мездра. Според пописот од 2022 година, во Мездра живеат 9.562 луѓе.Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија Градот е сместен крај река Искар, на кривината од југ на исток северно од Стара Планина. Релјефот на општината е полупланински. Најголем дел од нејзината територија заземаат земјоделските површини и шуми. Климата е умерено континентална.

Историја Сегашната населба е основана со изградбата на железничката линија Софија - Горна Орјаховица во крајот на 19 век и населението е дојдено од околните села. На местото се пуштила во употреба станицата „Мездра“ и крај неа почнуваат да се населуваат луѓе. По изградбата на линијата Мездра - Видин, станица Мездра станала втората по важност во Северна Бугарија, веднаш зад Горна Орјаховица.

Голем дел од населението во Мездра се наследници на доселеници од градот Кичево и неговата околина во Македонија. До 1944 г. има културно-просветно друштво со името на познатиот кичевски војвода Јордан Пиперката.

Има статус на град од 1953 г.

Интересно Поморски нос (’рт) Мездра () на островот Сноу на Антарктикот е наречен во чест на градот.SCAR Composite Gazetteer of Antarctica: Mezdra Point.

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место на Општина Мездра Портал на градот Мездра Историско мрежно место за Мездра Тврдината Калето во Мездра

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Враца