мини|Водопадот Салтос дел Мондај
Алто Парана, или во превод Горна Парана, е департман во Парагвај. Департманот се наоѓа во Источен Парагвај и главен град на истиот е Сиудад дел Есте. Департманот забележал голем развој во последните 50 години, а развојот се должи на економскиот подем на градот Сиудад дел Есте.
Географија
Департманот се наоѓа во Источен Парагвај, на граничниот појас со Бразил. Департманот се на север се граничи со департманот Каниндеју, на југ Итапуа, на исток со Бразил и на запад со департманите Кагвазу и Казапа. Главен град на департманот е Сиудад дел Есте
Окрузи
Департманот е поделен на 20 окрузи:
окрузи население (2002) 1 Сиудад дел Есте 222.274 2 Доктор Хуан Леон Малјоркин 16.243 3 Доминго Мартинес де Ирала 6.734 4 Ернандаријас 63.248 5 Ируња 4.710 6 Итакири 23.765 7 Хуан Емилио Олири 16.367 8 Лос Седралес 9.003 9 Мбаракају 8.337 10 Минга Гвазу 48.006 11 Минга Пора 11.180 12 Наранхал 11.921 13 Њакундај 8.403 14 Пресиденте Франко 52.826 15 Сан Алберто 11.523 16 Сан Кристобал 7.670 17 Санта Фе дел Парана ND 18 Санта Рита 16.427 19 Санта Роса дел Мондај 11.287 20 Колонија Игвазу 8.748
Клима
Максимална температура измерена во департманот е 38 степени целзиусови, додека минималната е 0 степени. Просечна годишна темпрература во департманот е 21 степен. Во регионот има поголема влажност и врнежи, па така маглата е честа појава во зимскиот период.
Збратимени покраини Кјонгидо, Република Кореја
Наводи
Поврзано Парагвај Департмани во Парагвај
Надворешни врски
Информации за Алто Парана
Категорија:Департмани во Парагвај Категорија:Држави и територии настанати во 1945 година