Крис Поланд () е поранешен водечки гитарист на хеви метал бендот Мегадет. Кариерата ја започнал како џез инструменталист, но по препорака на Гар Семјуелсон се приклучил во Мегадет. Со групата ги снимил албумите Killing Is My Business... and Business Is Good! и Peace Sells... but Who's Buying?.Birchmeier, Jason. "Peace Sells... but Who's Buying?" Remastered version AMG Review, at [ Allmusic]. Проверено на 23 ноември 2006.
По ова, тој бил набркан од страна на фронтменот Дејв Мастејн поради прекумерна употреба на наркотици и дрога. Како што тврди самиот Мастејн, Поланд продавал дел од опремата на бендот како би дошол до пари да купи повеќе опојни дроги. На следниот студиски албум So Far, So Good... So What! се наоѓа песната „Liar“ (во превод: лажго), во чиј текст се упатени низа навреди и погрдни зборови на адреса на Поланд.VH1: Megadeth - Behind the Music DVD - октомври 2001.
По повеќегодишната пауза, Поланд за кратко се враќа во Мегадет, само за потребите на албумот The System Has Failed. По неколкунеделните студиски сесии, Поланд се посветил на соло кариерата, и до ден денес има издадено неколку свои самостојни албуми.
Наводи
Надворешни врски Официјална страница 2006 Интервју со Крис Поланд - со Брајан Д. Холанд
Категорија:Членови на Megadeth Категорија:Американски хеви метал гитаристи Категорија:Џез-гитаристи Категорија:Музичари од Њујорк Категорија:Живи луѓе