Операцијата Ентебе, позната уште како Операција Молња — вооружена спасувачка операција на израелските специјални единици, одржана на аеродромот Ентебе, Уганда во ноќта на 3 и 4 јули 1976 година. Нејзината цел била ослободување на заложниците кои биле киднапирани од членовите на Фронтот за ослободување на ПалестинаHOSTAGES FREED AS ISRAELIS RAID UGANDA AIRPORT; Commandos in 3 Planes Rescue 105-Casualties Unknown Israelis Raid Uganda Airport And Free Hijackers' Hostages кои една недела претходно на 27 јуни го киднапирале авионот Ер Франс со 248 патници. Во текот на заложничката драма, евреите од авионот биле однесени во посебна просторија, а 47 неизраелски заложници биле ослободени. Следниот ден, повеќе од стотина неизраелски луѓе исто така биле ослободени, а околу стотина останале како заложници.
Како главен преговарач во операцијата била израелската разузнавачка служба Мосад. Киднаперите се заканиле дека ќе ги убијат заложниците ако нивните барања не бидат исполнети. Оваа закана доведе до планирање на операцијата за спасување
Операцијата се одржала во текот на ноќта. Израелски транспортни авиони со 100 командоси заминале кон Уганда за операцијата за спасување. Операцијата, чие организирање траело една недела била во рок од 90 минути. Во операцијата 102 заложници биле спасени. Пет израелските командоси биле повредени, а еден убиен. Сите киднапери, тројца заложници и 45 војници на Уганда биле убиени, а триесет советски авиони Миг-17 и МиГ-21s кои припаѓале на Уганда биле уништени.Brzoska, Michael; Pearson, Frederic S. Arms and Warfare: Escalation, De-escalation, and Negotiation, Univ. of S. Carolina Press (1994) p. 203. 24 часа подоцна, четвртиот израелски заложник бил убиенMiddle Eastern terrorism, Mark Ensalaco p. 101 University of Pennsylvania Press, 2007 од армиските офицери на Уганда.
Операцјата понекогаш се нарекува и Операција Јонатан во спомен на водачот на операцијата Џонатан Нетанјаху којшто бил постар брат на Венјамин Нетанјаху кој подоцна станал премиер на Израел.
Наводи
Категорија:Судири во 1976 година Категорија:Израелско-палестински конфликт Категорија:Арапско-израелски конфликт Категорија:Антитероризам Категорија:Операции на израелските специјални сили Категорија:Мосад