Holy Wars... The Punishment Due е песна на Мегадет од нивниот четврти студиски албум Rust in Peace. Песната е прва нумера во споменатиот албум, а воедно и прв објавен сингл од истиот. Како што се забележува и од насловот на песната, таа е составена од два дела, од кои првиот е Holy Wars, со времетраење од почетокот па сè до 2:26 минута. Оваа делница е во многу побрзо темпо за разлика од втората секцијаThe Punishment Due. Овие две секции се поврзани со мост изведен на акустична гитара, а потоа следува делот кој е побавен, но со потежок звук за разлика од првиот. По 4:33 песната повторно влегува во ултра брзо темпо, за нагло да финишира, без посебен музички перформанс како одјавен дел.Metal-archives

Обожавателите на Мегадет песната ја ословуваат едноставно само како Holy Wars. Тематски гледано, песната говори за северноирскиот верски конфликт помеѓу католиците и протестантите.Толкување на композицијата Во оваа нумера, Мастејн ги искажал своите лични ставови во врска со религијата и модерното општество.Интервју со Мастејн, септември 1990 г.

Песната „Holy Wars... The Punishment Due“ е дел од музичките видео игри како Rock Revolution и Guitar Hero: Warriors of Rock. На овие игри се наоѓа ремикс од песната, кој е малку поразличен од оригиналната верзија на албумот. мини|десно|Мегадет на турнејата по повод 20 години од издавањето на Rust in Peace Заднина Доста занимлив е поводот по кој Мастејн се решил да го напише текстот. Имено, за време на турнејата на Мегадет низ Северна Ирска, членовите на бендот забележале бутик каде нелегално се продавале маички со логото на бендот. На повик од Мастејн, пристигнала локалната полиција и ги запленила маиците. Мастејн притоа разбрал дека сите пари кои биле собрани од продажбата на маиците ќе биле наменети за организацијата „The Cause“. „The Cause“ биле паравоена терористичка организација од Ирска, чија цел била припојување на Северна Ирска кон Република Ирска. Новинарите го протолкувале овој чин како поддршка од Мегадет за ова милитантно здружение, па така и ја пренеле информацијата низ медиумите. Овој гаф предизвикал општ револт помеѓу обичните граѓани во целата држава, па членовите од групата морале да бидат превезени во авотбус со непробојни прозорци до концертната локација. Со истото транспортно возило членовите си заминале од земјата во најбрз можен рок. По неколку месеци биле разјаснети недоразбирањата, и револтот кон Мегадет постепено исчезнал.

Видео запис Видео спотот за оваа песна беше снимен во август 1990 г. во време кога Заливската војна била во полн ек. Во филмскиот запис се прикажани дел од воените конфликти на Средниот Исток во тоа време. Освен повремените инсерти од оружени судири помеѓу завојуваните страни, на спотот во главна улога се членовите на бендот кои ја изведуваат песната на сцена која наликува на кафез. мини|десно|Мастејн на европската турнеја (2011) Коментари од бендот во врска со песната

Песни на винил изданието од Holy Wars... The Punishment Due „Holy Wars...The Punishment Due“ (верзија од албумот) - 6:32 „Lucretia“ (верзија од албумот) - 3:56 Интервју со Дејв Мастејн (со различно времетраење на секое издание) Капитол Рекордс DPRO-79462

Музички персонал Дејв Мастејн - вокал и ритам гитара Марти Фридмен - водечка гитара Дејвид Елефсон - бас гитара Ник Менза - тапани

Наводи

Надворешни врски Текстот на песната Спотот за Holy Wars... The Punishment Due на YouTube

Поврзано Мегадет Rust in Peace

Категорија:Песни на Megadeth