Тиричмир () е највисоката планина во венецот Хиндукуш и највисока сво светот вон масивот Хималаи-Каракорум. Се наоѓа во покраината Хајбер Пахтунхва, Пакистан, недалеку од границата со Авганистан. Планината е првпат искачена од норвешка експедиција во состав А. Нес, П. Квернберг, Х. Берг и Т. Стрејтер. Планината се издига над градот Читрал, но се гледа и од Авганистан.
Највисокото населено место по планината е Тирич во долината Мулхау, чие население говори ховарски јазик. Селаните работат како туристички водачи и носачи, но не одат до врвот на планината.
Име Постојат две претпоставки за потеклото на името „Тиричмир“. Според едната, ова значи „кралот на Тирич“, со тоа што Тирич е странична долина што се издава од долината Мулхау. Друга претпоставка дека е името да потекнува од ваханските зборови „тирич“ (сенка, темнина) и „мир“ (крал), т.е. „крал на темнината“, што може да се однесува на долгите сенки што ги фрла планината од страната на Вахан.
Поврзано Ношак Хајбер Пахтунхва Список на највисоки планини
Наводи
Надворешни врски Тиричмир - SummitPost
Категорија:Хиндукуш Категорија:Планини во Пакистан Категорија:Седумилјадници