Злешево — напуштено село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба

Злешево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 16 километри.

Надморската височина во селото е 480 метри.

Селото се граничи со атарите на Костурино, Чепели, Раброво, Валандово, Пирава.

Историја

Селото е споменето во делото на Јован и Константин Драгаш во 1374 година, според кое Константин го одзел селото од власта на Дабижив и го подарил на манастирот „Свети Пантелејмон“ на Света Гора.Матанов, Хр. Княжеството на Драгаши, София, 1997, с. 114-5, бел. 41

Во османлиско време е споменато во 1621 година, под името Излешева, со 13 домаќинства. Во текот на XIX век селото било населено со турско население како дел од Струмичката Каза.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 288

Во XIX век, селото било дел од Струмичката Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Злешево живееле 185 жители, сите Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.160.

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Злешово живееле 360 жители, Турци и Македонци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 244.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Турци.

Селото е иселено по 1961 година, кога броело 547 жители, сите Турци.Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Културни и природни знаменитости

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Струмица

Категорија:Раселени села во Македонија