Никола Себастјан Анелка (роден на 14 март 1979) — француски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, напаѓач.

Тој исто така е и поранешен репрезентативец на Франција.

Технички одлики Поранешниот менаџер на Челзи, Карло Анчелоти го опишал Анелка како брз играч со одлични способности за игра во воздухот, техника, шут и фантастично движење без топка.

Кариера Клубови Анелка ја започнал својата кариера во Париз Сен Жермен, но набргу потоа се преселил во Арсенал каде му се приклучил на неговиот сонародник Арсен Венгер. Тој веднаш станал редовен член на почетната постава и ја освоил наградата за најдобар млад играч на годината следната сезона. Во 1999 година Реал Мадрид го ангажирал Анелка за £ 22.300.000, што било рекордна сума во тоа време, но тој не се снашол најдобро во мадридскиот клуб и се вратил во Париз Сен Жермен за договор од £ 20.000.000. Покрај редовните настапи во првиот тим во Париз, квалитетот на Премиер лигата го привлекува Анелка уште еднаш, и тој отишол најпрво на позајмица воЛиверпул во јануари 2002 година, а потоа му се приклучил на Манчестер Сити за 13.000.000 £ на почетокот на сезоната 2002-03.

По три сезони во Манчестер, тој се преселил во Фенербахче за две сезони пред да се врати во Англија приклучувајќи му се на Болтон - во договори вредни 7.000.000 и 8.000.000, милиони £ соодветно. Анелка направил трансфер во Челзи од Болтон за пријавена сума од 15.000.000 £ во јануари 2008 година. За време на неговите трансфери со текот на годините, неговата вкупна сума од трансферите изнесува нешто помалку од 90 милиони £. На 12 декември 2011 година, Шангај Шенхуа објавиле дека постигнале договор со Анелка за тој да му се приклучи на тимот во зимскиот трансферен прозорец.

Во јануари 2013 Анелка заминал на шестмесечен заем во италијанскиот Јувентус. Тој одиграл само три натпревари за Јувентус, но можел да биде задоволен со престојот во Италија бидејќи клубот го освоил скудетото во сезоната 2012-13, што за Анелка била трета различна титула државен првак по оние во Англија и Турција.

Репрезентација Анелка одиграл многу натпревари на репрезентативно ниво и ги освоил својоте први репрезентативни трофеи играјќи за Франција на Евро 2000 и на Купот на Конфедерациите следната година. Неговиот неуспех да се задржи на подолго на клупско ниво ги ограничило неговите репрезентативни настапи, но тој се вратил во репрезентацијата за Евро 2008. На 19 јуни 2010 година, Анелка бил исклучен од страна на француската фудбалска федерација по СП 2010 во Јужна Африка за "коментари насочени против националниот селектор, Ремон Доменек кого го нарекол неприфатлив за ФФФ, францускиот фудбал, како и принципите кои тие ги почитуваат. Два месеци подоцна, на Анелка му била дадена забрана за настап во репрезентацијата во наредните осумнаесет натпревари на Франција организирани од ФФФ, со што ја завршил својата репрезентативна кариера.

Титули Клупски Арсенал Премиер лига : 1997-98 ФА Куп : 1997-98 ФА Черити Шилд : 1998

Реал Мадрид Лига на шампиони : 1999-2000

ПСЖ УЕФА Интертото куп : 2001

Фенербахче Супер лига : 2004-05

Челзи Премиер лига : 2009-10 ФА Куп : 2008-09, 2009-10 ФА Комјунити Шилд : 2009

Јувентус Серија А : 2012-13

Репрезентативни Репрезентација на Франција УЕФА Европско првенство за играчи под 19 години : 1997 Европско првенство во фудбал : 2000 ФИФА Куп на конфедерации : 2001

Надворешни врски Профил на SoccerSurfer.com Nicolas Anelka Free Sporting Профил на Шангај Шенхуа Никола Анелка

Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Фенербахче Категорија:Фудбалери на ФК Болтон Вондерерс Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Вест Бромвич Албион Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1979 година