Оклендската уметничка галерија (, ) — градска галерија во Окленд, Нов Зеланд која ја содржи најголемата збирка на национална и меѓународна уметност во земјата. Чест домаќин е на патувачки изложби од странство.
Галеријата е поставена под ридот на Албертовиот парк во центарот на Окленд. Основана е во 1888 како првата постојана уметничка галерија во Нов Зеланд. Зградата првобитно била замислена да ја смести не само галеријата, туку и градската управа и јавна библиотека. Нејзините архитекти се мелбурнските архитекти Грејнџер и Дебро.
Новата галерија, наспроти главната галерија од другата страна на уличката содржи современи дела. Сместена е во зградата на поранешниот Окландска Телефонска Централа која во 1995 била преиначена во прилично смел спој од Едвардијанска и современа архитектура.
Збирката, која почнала со донирање на ракописи, ретки книги и 53 слики од некогашниот колонијален гувернер Џорџ Греј, денес има преку 12.500 дела. Галеријата претставува многу новозеландски и тихоокеански уметници, како и европски материјал од средниот век до денешен ден. Меѓу забележителните новозеландски уметници со поголем број дела таму се: Гречен Албрехт, Марти Фридландер, К.Ф. Голди, Алфред Хенри Окиф, Франсес Хоџкинс, Готфрид Линдауер и Колин Мекаон. Во највеќето случаи, барем некои од тие дела биле донирани од самите уметници.
Надворешни врски Оклендска уметничка галерија
Категорија:Оклендска култура Категорија:Ликовни музеи и галерии во Нов Зеланд Категорија:Згради и градби во Окленд Категорија:Знаменитости во Окленд