Античките пишани извори кои говорат за религијата на Македонците се поникнати од грчки автори и пишувани на грчки јазик, поради што во нив македонските божества се поистоветени со слични грчки божества. Единствено во натписите на камените споменици се зачувани факти, најчесто епитети на божествата, кој укажуваат на изворни имиња или епитети на македонските божества.

Досегашните истражувања ја даваат следната слика на македонскиот пантеон: Дион (кај античките автори е еквивалент на Ѕевс) можеби Хиперберетас - татко на Македон, митскиот предок на Македонците Атхија или Атхрија – божица на светлината, јасното и светло небо, мајка на Македон Зејрене (=Хеката, Кибела) – божица на убавината. Веројатно од бригиско потекло Аретос (=Херакле) со епитет Пропатор и Патроисос Беди или Веди - заштитник на водите, но и животодавен воздух Ксандос – заштитник на војската Тхаулос или Таумос (во некои предели бил постоветуван со Арес, а во некои со Ѕевс) - бог на војната Дарон (=Аполон) - бог на сонцето, почитуван и кај Пајонците Ма – Божица со сончеви и воени обележја, прикажувана со зрачна круна и оружје Бах или Бакхус (=Дионис) - бох на виното Бендида - почитувана во близина на реката Струма Драко - змијолико божество Дракена (Дракајна) - змијолико божество

Наводи

П П