Аеродром — населба во истоимената Општина Аеродром.

Географија Населбата граничи со населбите Мичурин на запад, Острово на северозапад, 13 Ноември на север, Јане Сандански на североисток, Ново Лисиче, Реонски Центар на исток и Лисиче на југоисток.

Историја Заднина лево|мини|220п|Стариот аеродром. Населбата го добила своето име по старата местоположба на аеродромот „Скопје“ основан во 1920-тите, кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев“. Аеродромот бил бомбардиран од страна на нацистичка Германија во април 1941. Првиот патнички авион слетал на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот „Потез-29“ од француско производство и превезувал 5 патници.

Настанок мини|Панорамски приказ на новоизградените монтажни градби во населба Аеродром, 1964 година. Населбата настанала по Скопскиот земјотрес во 1963 година. По катастрофалниот земјотрес од 1963, таму била сместена т.н. шаторска населба Аеродром-Вардар наменета за настраданите во земјотресот. Тој камп бил најголемото и најдобро организираното згрижувалиште во Општина Кисела Вода. Кампот во почетокот сместил 700 лица, а потоа бројката пораснала на 4,970 настрадани. Местоположбата на кампот била во близина на цивилниот аеродром. Оваа шаторска населба почнала да биде уредувана на 26 јули во 9 часот и попладнето била готова. Истиот ден почна да биде делена топла храна. Потоа за поголемите семејства биле подигнати бараки. Тука биле сместени жителите на Маџир Маало, Пролет и Ново Маало. Потоа шаторската населба била преселена во Мичурин, поточно во дворот на училиштето „Владимир Назор“.

21 век Со Законот за новата територијална поделба во август 2004 година, била создадена Општина Аеродром чија територија претходно припаѓала во Општина Кисела Вода. Во неа биле вклучени сите населени места (вклучително и населбата Аеродром) кои се наоѓале северно од пругата Скопје-Велес.

Демографија Според пописот од 2002, населбата Аеродром била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% се Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.Адресар на општини во Република Македонија, Град Скопје, 2002 година.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата Аеродром била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно Македонци 63.764Албанци 850Турци 464Роми 459Власи 651Срби 2.125Бошњаци 403Други6.392

Самоуправа и политика

Избирачко место +Населба Аеродром, општина Аеродром - организација на избориБрој на избирачко местоУстанова кадешто се наоѓаЖенски гласачиМашки гласачиРегистрирани гласачи2686ЈАВНА ДЕТ.ГРАД. "СРНИЧКА" ОБЈЕКТ "ИЗВОРЧЕ"2652795442687ЈАВНА ДЕТ.ГРАД. "СРНИЧКА" ОБЈЕКТ "ИЗВОРЧЕ"2973526492688ЈАВНА ДЕТ.ГРАД. "СРНИЧКА" ОБЈЕКТ "ИЗВОРЧЕ"2653235882689ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ"1862894752759ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ"2723235952752ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ"2773326092753ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ"49858810862754ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ"3173516682755ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ"2823456272756ООУ "ЉУБЕН ЛАПЕ"3163736892757ЈАВНА ДЕТ.ГРАД. "СРНИЧКА" ОБЈЕКТ "БАМБИ"2422765182758ЈАВНА ДЕТ.ГРАД. "СРНИЧКА" ОБЈЕКТ "БАМБИ"2622925542760СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ "МАРИЈА КИРИ - СКЛОДОВСКА"7268871613Вкупно4.2055.0109.215

На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 6.052 жители, каде 49% од гласовите освоила Коалицијата “Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ, 18% Коалицијата за европска иднина - СДСМ и 15% партијата Левица.

Образование Средни училишта СУГС „Владо Тасевски“ СУГС „Марија Кири Склодовска“

Основни училишта ОУ „Љубен Лапе“

Културни знаменитости мини|десно||250п|Црквата „Св. Илија“. Цркви Црква „Св. Илија“ - изградена во 1997 година; Црква „Св. Петка“ - црква-параклис;

Аеродром како мотив во уметноста „Бисер и Три бисери“ — краток расказ на македонскиот писател Сашо Стефановски (под псевдонимот Џанго Помалиот).Џанго Помалиот, Намали малце чалам. Скопје: Темплум, 2018, стр. 47-48.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Населби и маала во Скопје Категорија:Општина Аеродром Категорија:Појавено во 1960-тите