Блајхероде () — мал град во округот Нордхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Випер, 17 километри југозападно од окружниот град Нордхаузен.

Географија Местоположба

Местото се наоѓа помеѓу масивите Харц и Хајнлајте и е опкружен од ридовите Блајхередер. Низ самиот град тече Блајхе, притока на Боде.

Градски единици

Покрај самото градско јадро на Блајхероде, во градското подрачје влегуваат и местата: Блидунген, Еленде, Ецелсроде, Фридрикстал, Грацунген, Хајнроде, Хинштајн, Киндероде, Клајнбодунген, Кенигстал, Краја, Мителдорф, Мербах, Нора, Обердорф, Обергебра, Пустлебен, Вернроде, Випердорф, Волерслебен и Волкрамсхаузен.

Припојувања

На 22 јануари 1994 година кон градот била припоена Еленде, додека на 1 декември 2007 година, поранешната општина Обергебра.Thüringer Landesamt für Statistik На 1 јануари 2019 година кон градот биле припоени општините Ецелсроде, Фридрикстал, Хајнроде, Клајнбодунген, Краја, Нора, Випердорф и Волкрамсхаузен кон новиот град Блајхероде.Thüringer Gesetz- und Verordnungsblatt Nr. 14/2018 S. 795 ff., aufgerufen am 26. Januar 2019 Сите овие општини претходно припаѓале на распуштената општинска заедница Хајнлајте.

Политика Градски совет

Бројот на членови во градскиот совет на Блајхероде по новоосновањето на самиот град бил зголемен од 21 на 34 лица. На изборите одржани на 26 мај 2019 година биле избрани следниве членови:

Партија / Листа Места CDU 10 Левица 5 WG-H/W 4 AfD 4 SPD 4 FDP 3 FFW-FW 2 F-CDU 1 RWK 1

Градоначалник

Градоначаланикот Франк Роштек (CDU) бил повторно избран на општинските избори во 2019 година.

Збратимени градови

Блајхероде е збратимен со следниве градови:

Нидерцир, Германија Вјо-Конде, Франција Орнета, Полска Стрелча, Бугарија Кретинга, Литванија

Познати личности

Август Хајнрих Петерман — картограф

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Нордхаузен (округ)