Палестинска самоуправа (најчесто, Палестина) — автономна административна организација што номинално управува со делови од Западниот брег и целиот појасот Газа (кои се дел од Палестинските територии).
Палестинската самоуправа е основана во 1994 година, согласно со Договорот од Осло помеѓу Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и израелската влада.
Прв претседател на Палестинската самоуправа бил Јасер Арафат, а негов наследник и денешен претседател е Махмуд Абас. На парламентарните избори во јануари 2006 година радикалното исламистичко движење Хамас ја победи ПЛО и формира влада на чело со Исмаил Ханија. Тензиите помеѓу Хамас и Фатах во текот на 2006 година стануваат се поизразени и почнуваат да добиваат насилни облици. Во судирите што избувнаа од 14 до 16 јуни 2007 година, Хамас ја презеде контролата над Појасот Газа.
Административна поделба мини|десно|300п|Карта на областите во Палестина. Источен Ерусалим е прикажан како непалестински поради неговото непризнаено припојување кон Израел.
Согласно Договорот од Осло, Палестинските територии Западен Брег и Појас Газа се поделени на три подрачја (А, Б и В) и 16 области под Палестинска самоуправа. Од 2007 наваму, две посебни управи полагаат право на власт врз Палестинската самоуправа — едната на Западниот Брег, а другата во појасот Газа.
ИмеНаселение(2007) Површина(км2) Густина(жит/км2)Во 2010 г, вкупата густина е зголемена на 681 жит/км2.Западен Брег 3.269.700 5.671 417,86Појас Газа 1.816.539 360 3.934,83Вкупно 5.086.239 6.031 627,80
Западен Брег
ОбластНаселение Површина(км2)Џенин556.212 583Тубас88.771 372Тулкарм 358.213 239Наблус586.380 592Калкилија 100.753 164Салфит79.464 191Рамала и ел-Бира 548.018 844Ерихон 81.724 608Ерусалим(вклуч. Источен Ерусалим припоен од Израел) 462.521 344Витлеем 376.515 644Хеврон 751.129 1.060Вкупно 3.609.700 5.671
Појас Газа
Област Население Површина(км2)Северна Газа 270.245 61Газа 696.410 70Дејр ел-Бала 205.534 56Хан Јунис 370.979 108Рафа 273.371 65Вкупно1.816.539 360
Поврзано Појас Газа Западен Брег Палестинска ослободителна организација Палестина Палестински територии
Наводи
Категорија:Палестина Категорија:Спорни територии Категорија:Држави и територии настанати во 1994 година