thumb|Модерниот дел од Маракеш. thumb|Плоштадот Џема ел Фна на полноќ.
Маракеш (тамазигт: Murakush, арапски مراكش Murrākush), познат и како „црвениот град“, е град во југозападен Мароко, на падините на Атласките Планини. Градот имал 1.070.838 жители според пописот од 2004.
Како и многу други северноафрикански градови, Маракеш има две главни области: стариот град (медина) и модерниот град.
Меѓународниот аеродром Менара го опслужува Маракеш и околните градови.
Демографија
Официјалниот број на жители на Маракеш е 1.070.838 (според пописот од 2004), Најголемиот дел од населението на Маракеш е од берберско потекло. Според некои извори, постои и голема меѓународна заедница која се состои главно од Европејци, проценета на околу 10.700 жители, најголемиот дел од кои се пензионирани.
Историја Маракеш е основан во 1062 година, од страна на Јусуф ибн Ташфин. Овој град бил и главен град на Мароко за време на владеењето на Мулај Исмаил. По него, неговиот внук го пренел главниот град од Маракеш во Мекнес.
Име Маракеш / Муракуш е берберски збор кој значи „Земјата на Господ“. Маракеш е главен град на регионот Маракеш-Тенсифт-Ел Хауц. Овој град го има и најголемиот традиционален пазар во Мароко (соук), а тука се наоѓа и најзафатениот плоштад во цела Африка, наречен Џема ел Фна.
Маракеш како тема во уметноста и во популарната култура „Експресниот воз за Маракеш“ (Marrakesh Express) - песна на американската фолк-рок група „Крозби, Стилс и Неш“ (Crosby, Stills & Nash) од 1969 година.Crosby, Stills & Nash – Crosby, Stills & Nash (пристапено на 23.1.2017)
Надворешни врски Портал за Маракеш на LexicOrient Google мапи Маракеш на magicmorocco.com I love Marrakesh Мрежно место со слики и историјата на Маракеш Marrakech.net Официјалниот градски водич за Маракеш Фотографии од Маракеш
Извори
Категорија:Градови во Мароко Категорија:Населени места основани во 11 век