Среден век, средновековие или средновековен период — дел од европската историја што траел од до век. Пропаѓањето на Западното Римско Царство го означува почетокот на средниот век, а потоа следуваат ренесансата и големите географски откритија. Средниот век е средниот период од традиционалната поделба на западната историја на класични, средновековни и модерни периоди. Периодот е поделен на ран среден век, развиен среден век и доцен среден век.

Депопулацијата, деурбанизацијата и варварските напади коишто започнале во Доцната антика продолжиле и во Раниот среден век. Варварските освојувачи формирале нови царства на урнатините од Западното Римско Царство. Во 7-от век, наследниците на Мухамед, ги освоиле Северна Африка и Блискиот Исток коишто некогаш биле дел од Источното Римско Царство (Византија), и ги присвоиле кон Исламското царство. И покрај тоа што имало значителни промени во општеството и политичките структури и прекинот со Антиката не бил целосен, сепак тоа не ја спречило големото Византиско царство да опстане и да остане голема сила. Јустинијановиот законик, којшто воедно бил и кодекс на закони на царството, бил ценет и пошироко. На запад повеќето царства ги вклучиле постоечките римски институции во својот состав, додека пак, ширењето на христијанството во Западна Европа предизвикало зголемување на бројот на манастири. Франките предводени од династијата на Каролинзите создале царство којашто го зафаќала поголемиот дел од Западна Европа. Царството на Каролинзите се распаднало во 9 век кога им подлегнала на притисоците од инвазијата на Викинзите од север, Унгарците од исток и Сарацените од југ.

За време на Развиениот среден век, којшто започнал по 1000-тата година од н.е. бројот на населението во Европа се зголемил, во голема мера тоа се должело на технолошките и земјоделските новитети коишто овозможиле развивање на трговијата и зголемување на доходите. Два од начините на коишто општеството било организирано во Развиениот среден век се, тимаро-спахискиот систем којшто претставува организација на граѓаните од селата коишто биле потчинети од благородниците и феудализмот- политички состав каде што витезите и понискиот слој на благородници биле обврзани да извршуваат воена служба кај нивните господари во замена за изнајмување на земјиште и чифлизи. Крстоносните војни, коишто за првпат се случиле во 1095 година, претставувале воени обиди од страна на западноевропските христијани,чијашто цел била да се поврати контролата над Светата земја од Блискиот Исток којашто била одземена од муслиманите. Кралевите станале шефови на централизирани држави, го намалиле криминалот и насилството но со тоа идеалот за обединување на христијанскиот народ бил сѐ подалечен. Схоластиката, филозофијата коишто во прв план го ставиле здружувањето на верата со разумот и основањето на универзитети, претставувале обележје на интелектуалниот живот. Филозофијата на Тома Аквински, сликите на Џото, поезијата на Данте и Чосер, патувањата на Марко Поло и архитектурата на готските катедрали како Шартр, се дел од извонредните достигнувања од овој период.

Тешкотиите и несреќите меѓу кои гладот, чумата и војната се сметаат за обележје на Доцниот среден век се, а воедно тие довеле и до намалувањето на популацијата во Западна Европа. Во периодот од 1347 година до 1350 година, Црната Смрт понела со себе околу една третина од Европската популација. Паралелно со војувањето меѓу државите, граѓанската војна и селанските буни имало и контроверзии, ерес и раскол во Црквата и сите заедно ја отсликувале состојбата во царствата. Културните и технолошките достигнувања му дале нов лик на Европското општество а со тоа го означиле крајот на Доцниот среден век и почетокот на раниот нов век.

Етимологија и периодизација

Средниот век е еден од трите главни периоди во најдолготрајната шема којашто ја прикажува анализата на европската историја: класичната цивилизација или антиката, средниот век и современиот период. Развој на концептот Средновековните писатели ја поделија историјата на периоди како што се „Шесте века“ или „Четири царства“ и сметаа дека после нивното време ќе настапи крајот на светот. Во 1330 година, хуманистот и поет Петрарка, периодот пред христијанството го сметал како antiqua (или „антички“) а периодот по христијанството како nova (или „нов“). Леонардо Бруни бил првиот историчар којшто ја искористил тројната периодизација во неговата History of the Florentine People - 1442 година („Историја на фирентинските луѓе“). Бруни и подоцнежните историчари тврдат дека Италија се спасила како резултат на времето на Петрарка и затоа на претходните два периоди коишто ги предложил Петрарка му додаваат и трет. Како поим, „среден векˮ, најпрвин се појавува во латинскиот јазик во 1469 година, наречен како media tempestas или „средна сезона“. Во раната употреба постоеле многу варијанти како што се medium aevum или „Среден век“, којашто првпат била запишана во 1604 година и media scecula или „Средновековие“, за првпат запишана во 1625 година. Триделната периодизација станала стандардна откако германскиот историчар Кристоф Целариус, во 1683 година ја објавил Универзалната историја поделена на антички, средновековен и нов период. Англискиот јазик е единствениот од главните јазици којшто ја задржува множинската форма на овој термин.

Започнувањето и завршувањето на средниот век Најчест превидуван датум за започнувањето на средниот век е 476 година којшто за првпат го употребиле Бруните. За Европа како целина, 1500 година се смета како период кога средниот век завршува но сепак не постои краен датум којшто важи универзално. Во зависност од контекстот, за одредување на крајот на средниот век понекогаш се користат настани како што се, првото патување на Кристофер Колумбо во Америка во 1492 година, освојувањето на Цариград од страна на Турците во 1453 година, или протестантската реформација во 1517 година. Англиските историчари, често, за крај на средниот век ја користат Битката кај Босфор којашто се случила во 1485 година, додека пак Шпанците најчесто ги користат датите како на пример, смртта на кралот Фердинанд II во 1516 година, смртта на Кралицата Изабела I Кастиљска во 1504 година или освојувањето на Гранада во 1492 година. Историчарите од романското говорно подрачје тежнеат кон поделба на средниот век во два дела и тоа на поран „висок“ период и подоцен „низок“ период. Историчари од англиското говорно подрачје, следејќи го примерот на нивните колеги Германци, средниот век го поделија генерално на „Ран“, „Среден“ и „Доцен“. Белгискиот историчар Анри Пирен и холандскиот историчар Јохан Хуизинга во почетокот на 20-от век ја популаризираа следнава поделба: Ран среден век (476-1000 година), Развиен среден век (1000-1300 година) и Доцен среден век (1300-1453 година). Во 19-от век, целото средновековие честопати се нарекувало и „Мрачен век“, но со создавањето на овие поделби, употребата на овој термин, барем меѓу историчарите била ограничена на Ран среден век.

Подоцнежното Римско Царство Римското Царство го достигнала својот најголем територијален развој во текот на 2-от век од н.е., а во наредните 2 века доживува бавно опаѓање на римската контрола врз оддалечените територии. Третиот век бил нестабилен на политичко поле, како резултат на економските проблеми меѓу кои и инфлацијата, надворешни притисоци врз границите, како и владетелите кои доаѓале на престолот само за потоа новите узурпатори да им го земат местото. Постепеното зголемување на воените трошоци во 3-от век, главно било како одговор на потребата да се одбранат од обновената војна со Сасанидското Царство, којашто започнала во средината на 3-от век. Армијата се зголемила двојно а реформите во прв план ја ставиле коњаницата и помалите единици наместо многубројната пешадија којашто била главна тактичка единица. Потребата за зголемување на приходите предизвикала зголемување на даноците, намалување на бројот на земјопоседничката класа, како и намалување на бројот на тие што биле подготвени да го потпрат товарот за држење на канцелариите во своите родни градови. За справување со потребите на војската биле потребни повеќе бирократи, но тоа довело до жалби од граѓаните според кои имало повеќе собирачи на данок во Империјата отколку даночни обврзници. Царот Диоклецијан (284-305година) во 286 година ја поделил Империјата на одделни источни и западни административни половини, меѓутоа нејзините жители и владетели не ја гледале како таква бидејќи објавувањата поврзани со администрацијата и правото во едната половина се сметале за валидни во другата. Во 330 година, по завршувањето на граѓанската војна, Константин Велики (306-337 година) повторно го основал градот на Византија но сега како новоименуван источен град- Цариград. Реформите на Диоклецијан ја зајакнале владината бирократија, направиле промени во данокот, ја зајакнале војската, со тоа Империјата добила време но не ги решила проблемите коишто ги имала, меѓу кои прекумерно оданочување, намалена стапка на наталитет и притисоци на нејзините граници. Граѓанска војна меѓу спротивставените цареви се случила во средината на 4 век со враќање на војниците од граничните сили на Империјата и дозволувајќи им на Варварите да ја преминат границата. Со проширување на јазот меѓу богатите и сиромашните, и намалување на виталноста на помалите градови, поголемиот дел од 4 век се одликува со еден нов и постојан облик којшто се разликувал од поранешниот класичен период. Друга промена којашто била направена е постепеното преминувањето на населението од Империјата во христијанска вера коешто траело од 2-5 век. Во 376 година , Остроготите бегајќи од Хуните, добиле дозвола од римскиот цар Валенс ( 364-378 година ) да се населат во римската провинција Тракија. Населувањето не било воопшто лесно и кога римските службеници преземале погрешни мерки околу случувањата, Остроготите напаѓале и ограбувале. Во битка со Остроготите, кај Адријанопол (Одрин) на 9 август 378 година бил убиен Валенс обидувајќи се да му стави крај на нередот. Исто така проблеми предизвикале и заканите на Варварите од север, внатрешните поделби во царството, особено во рамките на христијанската црква. Во 400 година Визиготите го нападнале Западното Римско Царство и иако за момент биле запрени од Италија тие успеале да го ограбат Рим. Додека Визиготите окупирале, во 406 година Аланите, Вандалите и Свевите навлегле во Галија, во текот на следните три години тие се распространуваат низ Галија и во 409 година преку Пиринеите преминале во денешна Шпанија. Други варварски племиња зеле учество во движењата на луѓето во овој временски период. Франките, Алеманите и Бургундите ја населиле Северна Галија, додека пак Англите, Саксонците и Јутите се населиле во Британија. Во 430-тите Хуните започнале да го освојуваат царството, нивниот крал Атила освоил територии од Балканот во 442 година и во 447 година, потоа ја освоил Галија во 451година, а Италија била освоена една година подоцна. Хуните претставувале закана сè до смртта на Атила, којшто бил нивни водач, во 453 година, кога заедно со неговата смрт било ставено крај на хунскиот сојуз. Овие инвазии од страна на племињата целосно ја промениле политичката и демографска природа на она што некогаш било Западно Римско Царство.