Бугарски воз — политички поим со којшто се означува злоупотреба на правото на гласање со цел да се издејствуваат изборни резултати во сопствена полза. Карактеристично за гласањето со „бугарски воз“ е тоа што едно лице гласа на повеќе гласачки места во корист на својата опција и така создава резултат што не одговара на вистинското расположение во гласачкото тело. Ваквиот поим најчесто се користи делумно на Балканот, а се инспирира од недемократските избори во Бугарија кон крајот на 20. век.

Тек Локомотивата (организаторот) некако зема празно ливче и на него го заокружува редниот број на посакуваната партија. Потоа, ливчето го предава на некој гласач, кој зема празно ливче, истото го става в џеб, а заокруженото го пушта во гласачката кутија. Празното ливче се предава на локомотивата, кој одново го заокружува посакуваниот реден број, па повторно го предава ливчето на некој друг гласач. Постапката продолжува на ист начин понатаму, така што со сигурност се знае дека гласачите ќе „гласаат“ за посакуваната партија.

Контроверзии Во Бугарија се смета дека овој политички поим е навредлив за земјата и во тој контекст во 2006 година бугарската амбасада во Македонија побарала од политичките партии, невладините организации и медиумите за одредени изборни малверзации повеќе да не го користат овој поим, иако истиот не е измислен во Македонија и не се користи само во Македонија.

Поврзано Бугарска глоба — плаќање на фиктивни глоби од корумпирани полицајци; Кинески прстен — вид на изборна манипулација.

Наводи

Категорија:Политички поими