Василка Стојан Петровска Ладинска (, - , ) ― виден македонски архитект, член на Асоцијацијата на архитектите на Македонија (ААМ), член на Академијата на архитектите при Асоцијацијата на архитектите на Македонија и добитник на Наградата „Андреја Дамјанов“ во 2005 година.

Животопис Ладинска е родена во Куманово на 2 октомври 1928 година. Гимназија завршила во родниот град. Во мај 1954 година, таа дипломирала со натпросечен успех на Архитектонскиот факултет при Високата техничка школа во Белград. Кариерата, до пензионирањето во 1987 година, и минала во Македонија, како проектант, консултант и ревидент на голем број проекти. Проектирала и остварила станбени, општествени и здравствени згради.

Таа била автор или соавтор на над 130 проекти и изведени згради, учесник на голем број архитектонски изложби и на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Добитник е на повеќе стручни и општествени признанија, меѓу кои наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, Специјалната награда на второто Биенале на македонската архитектура, плакетата на југословенскиот весник „Борба“ за архитектура за СР Македонија и Главната награда на четвртокот Биенале на македонската архитектура. Носител е на Орден на труд со сребрен венец. Починала во на 24 ноември 2013 година.

Се занимавала и со публицистика и објавила повеќе статии во стручни списанија.

Нејзини позначајни реализации се: станбениот блок на ул. „Македонија“ во Скопје (1962), станбениот објект на ул. „Илинден“ во Скопје (1986 и 1987), гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје (1966), Комунална банка во Куманово (1964) итн.

Наводи

Категорија:Македонски архитекти Категорија:Луѓе од Куманово Категорија:Добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“