Цариградска патријаршија позната и како Вселенска патријаршија (грчки: Οἰκουμενικὸν Πατριαρχεῖον Κωνσταντινουπόλεως, Oikoumenikòn Patriarcheîon Kōnstantinoupóleōs; турски: Rum Ortodoks Patrikhanesiе Ortaylı, İlber (2003). "Osmanlı Barışı", p. 14. ISBN 975-6571-50-0.In Turkey it is also referred to unofficially as Fener Rum Patrikhanesi, "Greek Patriarchate of the Phanar") — една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во Истанбул, Турција. На нејзино чело стои Вселенски Патријарх, кој има статус на "прв меѓу еднаквите" од останатите православни епископи во светот.
Моментален патријарх и духовен водач на околу 300 милиони православни христијани во светот е Вартоломеј I.
Историја Создадена е откако е расцепена Римското Царство (395 г.) на чело со епископ, а од 451 г. од патријарх. Во 596 година патријархот се прогласува за Вселенски патријарх.
После паѓањето на Цариград под османска власт (1453 г.) на цариградскиот патријарх му е дадено правото да биде духовен водич на сите источни (словенски) христијани во пределите на империјата.
Во првите векови на османското владеење, Цариградската патријаршија игра улога на потпомагач на црковното и училишното дело во Османлиското Царство и противдејствува на некои од обидите на исламот за потурчување на одделни региони на Балканот. лево|мини|Портата на Свети Петар при Патријаршијата. Во 1821 година, патријархот Григориј V Цариградски останал обесен во полни одежди три дена на нејзиниот архитрав, бидејќи султанот Махмуд II го обвинил за неспособноста да ја задуши Грчката револуција. Портата оттогаш не е отворена. Од XVIII век и почетокот на XIX век таа започнува да се претставува како грчка, со што се стреми кон грцизирање на негрчкото христијанско население во империјата.
Цариградската патријаршија ја претставува црковна и училишна дејност во Македонија и Одринско, кои после Берлинскиот конгрес од 1878 г. одново се под османската власт. Таа ги поткрепува и грчките и српските области, но не ја признава автокефалноста на бугарската црква.
Наводи
Категорија:Христијански поими