мини|Лав Троцки (1918)

Лав Давидович Троцки () ( — ), роден Лав Давидович Бронштајн () — руски болшевички комунистички водач и марксистички теоретичар. Пред револуцијата од 1917 г. Троцки бил противник на Владимир Илич Ленин и на неговото крило во руската социјалдемократија, но оттогаш тој и неговите приврзаници влегуваат во редовите на Лениновата партија. Троцки станува еден од водачите на Октомвриската револуција и на повоената изградба на Советска Русија. По смртта на Ленин е еден од најсериозните кандидати за негов наследник, но како негов наследник станува Јосиф Сталин. Троцки, како член на Левата опозиција, заради својата опозиција кон Сталин бидува деградиран и протеран, прво во советскиот дел на Средна Азија, а потоа и во странство. Убиен е во Мексико од страна на советскиот атентатор Рамон Меркадер кој се инфилтрира во Троцкиевата непосредна околина.

Денес неговите теории и идеи се обединети во едно учење - троцкизам, што е една гранка на марксизмот и е сосема спротивно на сталинизмот.

thumb|150px|right

Надворешни врски Марксистичката интернет архива - македонскиот оддел Троцкиева архива The Lubitz TrotskyanaNet The Story of Ramón Mercader

Категорија:Троцкисти Категорија:Антифашисти Категорија:Политичари од Комунистичката партија на Советскиот Сојуз Категорија:Комунистички писатели Категорија:Министри за надворешни работи на Русија Категорија:Еврејски атеисти Категорија:Еврејски социјалисти Категорија:Марксисти Категорија:Руски атеисти Категорија:Руски комунисти Категорија:Советски Евреи Категорија:Министри за одбрана на СССР Категорија:Украински атеисти Категорија:Украински Евреи Категорија:Руски револуционери Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме Категорија:Руски Евреи Категорија:Учесници во Руската граѓанска војна Категорија:Руски мемоаристи