Георги Седефчов Прванов () е политичар од Бугарија и претседател на Република Бугарија, избран е на 18 ноември 2001 г. Пред тоа бил претседател на Бугарската социјалистичка партија.

Прванов е роден во селото Сириштник, Перничко на . Пораснал во соседното село Косача. Георги Прванов е оженет и има два сина. (2005 г.)

Образование и квалификации

Во 1975 Прванов завршил математичката гимназија во Перник. Во 1981 г. дипломирал на Историскиот факултет на СУ „Св. Климент Охридски“ - Софија. Во 1988 г. докторирал во областа на историјата со тема „Димитар Благоев и бугарскиот национален проблем 1879-1917“.

Научна кариера

Во 1981 г. се вработува во Институтот за историја на БКП како научен соработник. Од 1989 година е виш научен соработник. Во периодот 1992 — 1996 е директор на Центарот за историски и политиколошки истражувања кон Вишиот Совет на БСП.

Политичка кариера

Член е на БСП од 1981 до 2001 г. На 41-от конгрес на БСП (3-6 јуни 1994 г.) е избран за заменик-претседател на ВС на БСП. На 42-от вонреден конгрес на БСП (21-23 декември 1996 г.) е избран за претседател на ВС на БСП. На 43-от (1 и 2 мај 1998г.) и на 44-от конгрес на БСП (6 и 7 мај 2000г.) е реизбран за претседател на ВС на БСП.

Народен пратеник е во 37-то Народно собрание (1994-1997 г.), 38-то Народно собрание (1997-2001 г.) и 39-то Народно собрание. Претседател е на парламентарната група за соработка со Грција и член е на парламентарната Комисија за радио и телевизија (1994-1997 г.), претседател на Парламентарната група на Демократската левица (1997-2001 г.) и на Парламентарната група на Коалицијата за Бугарија во 39-то Народно собрание.

Избран е за претседател на Република Бугарија на изборите во ноември 2001 г. Стапува на должност на 22 јануари 2002 г.

Се сметаа, дека владината коалиција БСП-НДСВ-ДПС, која што е на власт во Бугарија по парламентарните избори во 2005 г., е не само поткрепена, но и создадена од него.

Бил таен соработник на Државна сигурност во сектор РИК (Разузнаване "История и култура") пред 1990 година. Работел по “македонското прашање” под името “Гоце” како уредник на книгата “Габерот” од Методи Димов, емигрант од Македонија, соработник на бугарските агенти.

Извори

Биографија на Георги Прванов од мрежното место на претседателот на Р. Бугарија (на бугарски јазик). (архив март 2005 на archive.org)

“Гоце” беше секретен сътрудник

Прванов, Георги Прванов, Георги Категорија:Живи луѓе Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет