right|thumb|300px|Мостови — поетско читање во рамките на манифестацијата Струшки вечери на поезијата (СВП) — најголемата светска поетска манифестација што се одржува секоја година во градот Струга. Манифестацијата е основно одбележје на градот како туристички центар и на неа присуствуваат најмалку 200 светски поети. На поетскиот фестивал меѓу другото, се доделуваат и најголемото признание за целокупна поетска дејност, „Златен венец“, и наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик. Сегашен претседател на управниот одбор на организацијата е Елизабета Шелева.

Историјат на манифестацијата Непосреден повод за организирање на Струшките вечери на поезијата, за продолжување на вековната културна традиција на овој град, беше литературното читање на група истакнати македонски писатели на свечениот дел од јубилејот, одржан во Струга на 15 јули 1961 година, по повод излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци. Се дојде до идеја дека постојат сите услови да се организира една традиционална манифестација со фестивалски карактер, која ќе се одржува во овој град, како смотра на поетските остварувања во Република Македонија во текот на една година.

Ваквата идеја и иницијатива наиде на позитивен одѕив и со задоволство беше прифатена од Друштвото на писателите на Македонија, Советот за култура на тогашна Народна Република Македонија и Народниот одбор на Општина Струга.

На една од своите седници, Народниот одбор на Општината во 1962 година формира прв фестивалски одбор од 7 членови, составен од претставници на Друштвото на писателитe на Македонија, културни и општествено-политички работници од Републиката и од Струга, чијшто претседател бил истакнатиот поет Ацо Шопов. Фестивалскиот одбор изготви програма распределена во четири вечери на кои настапија писатели од Македонија.

Од година на година бројот на учесници на Струшките вечери на поезијата се зголемувал. Во 1964, тие прераснаа во општојугословенски фестивал на кој зедоа учество поети од сите републики на поранешна Југославија. А веќе наредната, 1965 година, фестивалот ги премина југословенските граници и поприми карактер на меѓународна поетска манифестација на која настапија еминентни поети од неколку земји: Бугарија, Италија, Полска, Романија, поранешниот Советски Сојуз и поранешна Чехословачка. Бројот на земјите учеснички се зголемуваше. По четири години, во 1968 година, на средбите настапија поети и есеисти од 17 земји.

Во 1966 година Струшките вечери на поезијата прераснаа во институција што постојано ја дообликува својата физиономија, изградувајќи поцврсти критериуми врз кои ја конципира програмата и поканува учесници на приредбите. Советот на Струшките вечери на поезијата со своите посебно стручни комисии: програмска, селекциона, комисија за симпозиум, организационо-техничка, жири комисии за доделување награди и други, програмирано ја одвива својата дејност, настојувајќи што подобро и посодржајно да ја осмисли манифестацијата. Бројот на членови на Советот на Струшките вечери сега се движи околу 25, со претседател и двајца потпретседатели.

Струшките вечери на поезијата доживеаја брз растеж и за кусо време станаа единствена меѓународна манифестација од ваков вид, еден вид на мост меѓу литературните меридијани на светот. Тие претставуваат една значајна трибина од која што секоја година одекнува полифоничноста на поетскиот збор, неговите хумани пораки и моќта да облагородува и зближува.

Струшките вечери секоја година се вистински празник како за градот, така и за сите вљубеници на поезијата. Тие станаа значаен културен настан во светот на литературата, манифестација низ која, како низ отворен прозорец, може да се види и чуе што се случува во поезијата, во таа "земја без граници". Пропагирајќи ја поезијата и нејзините вредности, Струшките вечери имаат непроценливо значајна мисија во овој миг, во овој свет што ни се приближува, што го приближуваме.

Името на Струшките вечери на поезијата е внесено во сите поетски карти на светот. Струга е во сите оние што ја посетиле и виделе. Таа е на патот да биде и во оние што допрва ќе ја видат. "Ако постои некаде библиски небесен рај, со идеална убавина, тогаш едно негово овоземно катче е овој град" - запиша еден од многубројните странски учесници, заминувајќи од Струга.

Награди На Струшките вечери на поезијата се доделуваат неколку награди: Златен венец - највисока награда на фестивалот; Награда „Браќа Миладиновци“ - за најдобра поетска книга на македонски автор, објавена меѓу два фестивали; „Мостови на Струга“ - најдобра поетска збирка од поет-дебитант од светот по пат на меѓународен конкурс; Награда „Енхалон“ - востановена во 2012 година како награда за најдобра песна од млад автор од Македонија прочитана на фестивалот; Награда „Григор Прличев“ - за најдобар препев на поезија од странски автор на македонски јазик. Во 1978 година оваа награда му се отстапила на Друштвото на литературните преведувачи од Македонија; Награда на Радио-Телевизија Скопје - за најдобра книга за деца објавена меѓу два фестивали; Награда на Нова Македонија - за најдобра песна прочитана на Струшките вечери на поезијата; Награда за песна - се доделувала од 1963 до 1967 година за најдобра песна прочитана на фестивалот.; Специјални признанија;

Награда „Златен венец“

Наградата „Златен венец“ е главна награда на Струшките вечери на поезијата. Таа е една од најценетите меѓународни награди за поезија во светот.

Наградата „Златен венец“ се доделува на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ на истекот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро.

Досегашни лауреати

ГодинаЛауреатЗемја196675пРоберт Рождественски196775пБулат Окуџава196875пЛасло Наѓ1969Мак Диздар197075пМиодраг Павловиќ197175пВистан Хју Оден197275пПабло Неруда197375пЕуџенио Монтале1974Фазил Хисни Дагларџа197575пЛеополд Седар Сенгор1976Ежен Гилвик197775пАртур Лундквист197875пРафаел Алберти197975пМирослав Крлежа198075пХанс Магнус Енценсбергер198175пБлаже Конески198275пНикита Станеску Романија1983Сачидананд Хирананд Ватсјајн-Ајгеј198475пАндреј Вознесенски1985Јанис Рицос198675пАлен Гинсберг198775пТадеуш Ружевич198875пДесанка Максимовиќ1989Томас Шапкот1990Хусто Хорхе Падрон199175пЈосиф Бродски199275пФеренц Јухас199375пГенадиј Ајги199475пТед Хјуз199575пЈехуда Амихај1996Макото Оока1997Мохамед Бенис. Дарот на Светлината. Предговор од Паскал Гилевски, Струга, 200175пАдонис1998Лу Јуен199975пИв Бонфоа200075пЕдоардо Сангвинети200175пШејмас Хини2002Славко Михалиќ200375пТомас Транстремер200475пВаско Граса Моура200575пВилијам С. Мервин200675пНанси Морехон200775пМахмуд Дарвиш2008Фатос Арапи200975пТомаж Шаламун201075пЉубомир Левчев201175пМатеја Матевски201275пМонгане Вали Сероте201375пХосе Емилио Пачеко201475пКо Ун201575пБеј Дао201675пМаргарет Атвуд201775пЧарлс Симиќ201875пАдам Загајевски201975пАна Бландијана202075пАмир Ор202175пКерол Ен Дафи202275пШунтаро Таникава202375пВлада Урошевиќ202475пЖан-Пјер Симеон202575пИван Штрпка202675пАнеке Брасинга

Награда „Браќа Миладиновци“

Наградата „Браќа Миладиновци“ е награда за најдобра поетска книга меѓу два фестивала на Струшките вечери на поезијата од македонски творци. Таа е најголемата национална награда за поетско творештво.

Награда „Мостови на Струга“

Наградата „Мостови на Струга“ e награда на УНЕСКО, кој е покровител на Струшките вечери на поезијата, за најдобра поетска книга меѓу два фестивали, на поет-дебитант.

Наводи

Надворешни врски Официјална страница на Струшките вечери на поезијата

Категорија:Култура на Струга Категорија:Поетски фестивали Категорија:Книжевни награди Категорија:Награди:Книжевност:Македонија Категорија:Појавено во 1966 година во Македонија