Комитетот на регионите е советодавно тело на Европската Унија коешто се состои од претставници од регионалните и од локалните власти на земјите членки. Ги артикулира интересите на регионите на европско ниво. Има ист број членови по земја како и Економско-социјалниот комитет. Во однос на проширувањето, бројот на членовите е ограничен на 350. Договорот од Ница, исто така, предвидува членовите на Комитетот да бидат избрани од властите што ги претставуваат или да бидат политички одговорни пред нив.
Во моментот распоредот на членовите по земји е следен:
ЗемјаЧленовиФранција 24Германија 24Италија24Обединето Кралство24Полска21Шпанија21Романија15Австрија12Белгија12Бугарија12Чешка12Грција12Унгарија12Холандија12Португалија12Шведска12Данска9Финска9Ирска9Литванија9Словачка9Естонија7Латвија7Словенија7Кипар6Луксембург6Малта5
Категорија:Неинституционални тела на Европската Унија