Видете Монархистичка лига за слични организации. thumb|150px|Логото на Монархистичката лига на Нов Зеланд Монархистичката лига на Нов Зеланд е организација формирана во 1995 која имна за цел да го поддржува зачувувањето на уставната монархија во Нов Зеланд. Моменталниот Претседател на лигата е Ноел Кокс, експерт за уставно право и професор на Правниот факултет при Оклендскиот Технолошки Универзитет (AUT). Моменталниот Патрон на лигата е Сер Питер Тепсел, бивш Претседател на Собранието на Нов Зеланд (од 1993 до 1996).
Цели и начела
Да ги сплоти сите новозеланѓани од најразлична етничка припадност, политичка приврзаност, религиозна лојалност и професија со цел на промовирање на лојалноста и почитта кон Владетелот на Нов Зеланд и увид во уставната монархија. Да го промовира и да се зафати со изучувањето на монархијата, и улогата на Круната во новозеландскиот систем на демократско управување. Да го гаи ценењето на вредностите на монархијата кај учениците и студентите и да го промовира нејзиното изучување во образовните установи. Да ја информира новозеландската јавност за современата и историска важност на монархијата за новозеландскиот за идентитетот на Нов Зеланд преку изложувања, говорници, фестивали, појавувања на медиумите, публикации и сродни активности. thumb|right|150px|Н.В. Елизабета II, Кралица на Нов Зеланд Да ги брани кралските прерогативи, да се погрижи да спречи понатамошна нивна ерозија, така овозможувајќи му на Монархот да биде вистински на чело на Правдата и Честа, и така што ја штити слободата на поданикот од политички и бирократски повреди.
Поврзано Монархијата во Нов Зеланд Монархизам Монархистичка лига Монархистичка лига на Канада Републиканството во Нов Зеланд Републиканско движење на Аотеароа Нов Зеланд
Надворешни врски Официјално мрежно место на Монархистичката лига на Нов Зеланд
Категорија:Британска Империја Категорија:Новозеландски организации Категорија:Монархистички организации