Ехо е феномен на звучните бранови, кој се заснова на екотот. Ехото е појава во акустиката кога некој звук предизвикува многу екоти, со што изгледа како да сите тие се поврзани меѓу себе во еден продолжен, просторен звук кој е замастен.

Ваков ефект најчесто се појавува во големи хали со нерамна градба (како на пример, катедрали) каде што може прецизно да се запази. Ехото ја има способноста да го направи човековиот глас просторен, и оттука моќен, па ефектот на катедралите е искористен од страна на свештенството кога ги изведуваат своите песни, проповеди и литургии, да оставаат импресија на тие што ги слушаат.

Во аудиоинженерството ехото најчесто се употребува да се додаде чувство на „вистински звук“ на звуците кои се премногу суви самите по себе.

Ехото како тема во уметноста „Ехо“ — песна на руската поетеса Ана Ахматова од 1960 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 62. „Ехото на разбојничката“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 41-42. „Човекот и ехото“ (The Man and the Echo) — песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 187-188. „Одекнување“ (српски: Одјекивање) — песна на српскиот поет Васко Попа.Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 34-35. „Ехо“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 231. „Еха“ (англиски: Echoes) — композиција на американскиот џез-музичар Милт Џексон.Milt Jackson, MJCD, 1995. „Еха“ (англиски: Echoes) — песна на британската рок-група Пинк флојд од 1971 година.Discogs, Pink Floyd – Meddle (пристапено на 26.2.2021)

Надворешни врски Ехо и други звучни дефиниции

Наводи

Категорија:Акустика Категорија:Аудио ефекти