Тухеитиа Паки (; - ) — маорски крал. Бил најстариот син на претходната маорска кралица, Дејм Те Атаирангикааху кој бил назначен за наследни и крунисан на нејзинот погреб на 21 август 2006 г. и на престолот се задржал сè до неговата смрт во 2024 г.

Се образувал во училиштето Ракауманга во Хантли како и Св. Стивенов Колеџ во Бомбај, Окленд. Оженет е и има три деца, Фатумоана, Коротанги и Наумаи. Пред да стане крал бил таинујски советник за култура при Те Вананга о Аотеароа во Хантли.

На престолот го наследила неговата ќерка Нга Ваи Хоно и те По како најпосветена на должностите кон народот.

Должности Како крал на маорите, досега ги извршил следните должности: присуствувал на погребот на кралот на Тонга, Тауфаахау Тупоу IV, во септември 2006 г. присуствувал на отворањето на мараето во Пукава, на брегот на езерото Таупо, на 17-19 ноември 2006. присуствувал на отворањето на „Маури Ора“, изложба на маорски артефакти од музејот Те Папа во Токискиот национален музеј во Токио на 22 јануари 2007 г.Маури Ора: Драгоцености од Музејот на Нов Зеланд Те Папа Тонгарева - Токиски национален музеј, Јапонија Маури Ора: Драгоцености од Музејот на Нов Зеланд во Јапонија присуствувал на погребот на Самоанскиот владетел Малиетоа Танумафили II, на 19 мај, 2007 г. присуствувал на повторното отворање на мараето/сала-воен паметник во Нгаиотонга, Фангаруру, 2007 г.

Наводи

Надворешни врски Новиот крал на Маорите

Категорија:Кралеви Категорија:Монарси Категорија:Маорски монарси Категорија:Родени во 1955 година Категорија:Владетели од 20 век