мини|десно|200п|Рид во Каикоура на кое некогаш имало „па“ мини|десно|200п|Еден тип на одбрана на „па“ мини|десно|200п|Друг тип на одбрана на „па“
Па (маорски: pā) е маорско село во Нов Зеланд ко е е утврдено и изградено за одбрана. Тие се сметале за племенски општествен и социо-политички центар на сите иви. Во маорското општество, големо па ја претставувало маната (власта) на еден поглавар или рангатира. Речиси сите па биле изградени на безбедни и плодни места. Иако биле изградени за одбрана, тие биле претежно живеалишта.
Паорски па играле значајна улога во Маорските војни.
Па биле конструирани од луѓе кои се бореле со мускети и рачни оружја (како копје, таиаха и мере) против Британската војска и вооружена полиција кои имале мечеви, пушки и тешки оружја како хаубици и ракетна артилерија. Обично се правеле за доста кратко време, често помалку од два дена, и пружале отпор долги часови, а понекогаш и недели.
Ограничувачки фактор бил тоа што луѓето морале да одат дома за да обработуваат земја или да собираат од природата. Затоа 4 до 6 месеци годишно овие утврдувања биле напуштени.
Некои јавни „па“ во Нов Зеланд Залив на Островите: Корорипо, Керикери Фангареи: Парахаки Окленд: Маунгакиекие, Рид со Едно Дрво, Маугафау, Идн, Те Пане А Матаахо, Мангере Коромандел: р‘т Опито, Фитианга Залив Пленти: Капу те Ранги, Факатане' Хоков Залив: Отатара, Тарадејл Таранаки: Те Кору, Оакура, Ококи (Сер Питер Баков споменик) Марлборо: р‘т Карака, Пиктон Кантербери: Каиапои, Вуденд Отаго: Хуриава, Каритане Катики, јужно од Моераки Мапоутахи, Пуракаунуи
Поврзано Маорски војни: Стратегија и тактики
Надворешни врски Археолошки наоѓалишта на разни „па“
Категорија:Утврдувања Категорија:Маорски зборови Категорија:Маорско општество Категорија:Историја на Нов Зеланд