Алекси Вијермоз (; р. ) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Кариера

Првично бил планински велосипедист пред да се префрли на друмски велосипедизам, освојувајќи го двапати државното првенство во планински велосипедизам под 23 години и возејќи како дел од француската репрезентација на Светското првенство во планински велосипедизам 2008. Бил член на екипата кога настапил на Тур де Франс 2013, завршувајќи на трката на 46. место.

Вијермоз се приклучил на за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа  –  – се распаднала на крајот на сезоната 2013. На осмата етапа, Вијермоз ја нападнал водечката група на Мур де Бретања и ја поминал сам целта на врвот. „По победата помислив на мојот татко кој утре пред три години. Беше првиот кој ме заинтересира за Тур де Франс, ги носеше моите братучеди и мене на патот за да го гледаме Тур“, изјавил Вијермоз. „Денес, се надевам дека е горд на мене“.

Во 2016 година, Вијермоз завршил на 23. место на друмската трка и на 29. место на хронометарот на Летните олимписки игри 2016.

Започнал на Тур де Франс 2018, но бил принуден да се откаже поради фрактура на лопатката, поради повреди здобиени при судир со гледач покрај патот, кој се обидувал да фотографира еден од секторите со калдрма на деветтата етапа.http://www.cyclingnews.com/news/tour-shorts-moscon-questions-rapid-returns-after-cobbled-crashes-groenewegen-hopes-to-continue/

Достигнувања

Планински велосипедизам

2005 3. Национално јуниорско првенство во планински велосипедизам 2006 1. 20п Национално јуниорско првенство во планински велосипедизам 2. Европско јуниорско првенство во планински велосипедизам 2008 1. 20п Светско првенство во планински велосипедизам 2009 1. 20п Државно првенство во планински велосипедизам под 23 години 2. Светско првенство во планински велосипедизам под 23 години 2010 1. 20п Државно првенство во планински велосипедизам под 23 години

Друмски велосипедизам

2012 5. Краен пласман Тур де По де Савоја 2013 5. Краен пласман Тур Рона-Алпи Изер 2014 3. Краен пласман Тур ду Жеводан 1. Етапа 2 8. Краен пласман Критериум Интернасионал 2015 1. Гран при де Плимелек-Морбијан 1. Етапа 8 Тур де Франс 1. Меѓународен велосипедски друмски предизвик 6. Флеш Валон 6. Краен пласман Тур ди Геводан Лангдок-Русијон 1. Етапа 2 9. Краен пласман Тур ду От Вар 9. Краен пласман Критериум Интернасионал 2016 2. Гран при де Плимелек-Морбијан 3. Национално друмско првенство 5. Краен пласман Критериум Интернационал 2017 1. 20п Краен пласман Тур ди Лимузен 1. Етапа 2 1. Гран при де Плимелек-Морбијан 4. Џиро ди Ломбардија 4. ГП Квебек 6. Џиро дел’Емилија 2018 2. Краен пласман Тур ди О Вар 4. Класик Сид Ардеш 5. Гран при де Плимелек-Морбијан 5. Копа Сабатини 8. Краен пласман Париз-Ница

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро—11———— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур46—262013СО 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта——————

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Профил на официјална страница на екипата

Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски велосипедисти Категорија:Француски етапни победници на Тур де Франс Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Франција