679 Пакс е мала планета којашто кружи околу Сонцето, откриена од страна на германскиот астроном Август Копф на 28 јануари 1909 година. Објектот е наречен по римската божица Пакс.
Со мерењата спроведени со помош на прилагодлива оптика во Кековата опсерваторија е добиен просечен пречник од 62 км. Ова е за 16% повеќе од пречникот измерен со помош на IRAS. Астероидот има елонгација со големина од 1,66 ± 0,23 меѓу големата и малата оска. Во фотометричките мерења објавени во 1992 година се среќава дека вртежниот период изнесува 8,452 часа.
Фотометричкото проучување на овој астероид открива дека објектот има неправелни особености коишто укажуваат дека реголитот се состои од мешавина на низок и висок албеден материјал. Ова би можело да биде причинето од делење на астероидниот супстрат со спектрални особености на јаглероден хондрит (CO3/CV3).
Наводи
Надворешни врски Discovery Circumstances: Numbered Minor Planets
Категорија:Главен астероиден појас Пакс Категорија:Откритија на Август Копф Категорија:Астрономски тела откриени во 1909 година Категорија:Астероиди од типот I Категорија:Астероиди од типот K Категорија:Неправилни месечини