Познањ (, ) — град кој се наоѓа на реката Варта во централнозападниот дел од Полска, во областа Големополска. Градот е најдобро познат по својот архитектонски ренесански изглед во стариот дел на градот, уништен за време на Втората светска војна, а потоа повторно изграден. Денес, Познањ претставува важен културен и бизнис центар и е еден од најнаселените региони на Полска со многу регионални и традиционални особености.
Познањ е еден од најстарите градови во Полска и бил еден од најважните центри во почетоците на полската држава во 10 и 11 век. Првиот центар на градот бил Острув Тумски кој се наоѓа на реката Варта. Првите владетели на Полска биле погребувани во катедралата која се наоѓа на островот. Градот исто така служел како главен град за кратко време во 13 век. По втората поделба на Полска, Познањ бил вклучен во територијата на Прусија, а потоа, со обединувањето на Германија по француско-пруската војна во 1871 година станал дел од Германското Царство. Покрај тоа, градот официјално бил прогласен за царска резиденција на градот, кое довело до изградба на царски замоци, градски ѕидини, железничка станица и многу други градби кои денеска претставуваат големи туристички атракции.
Познањ е еден од најголемите градови во Полска. Населението во градот е околу 536.438 жители, додека целата општина Познањ има околу 1,1 милиони луѓе, додека заедно со околината 1,4 милиони луѓе, што е четврта по големина област во Полска. Познањ денес е еден од најголемите полски центри на трговијата, индустријата, спортот, образованието, технологијата, туризмот и културата. Градот е особено важен научен центар, со околу 130.000 ученици и овде работи третиот по големина полски универзитет „Адам Мицкевич“. Во градот се наоѓа и една од најстарите полски епархии. Официјални заштитници на градот се светците Свети Петар и Свети Павле, покровители на катедралата.
Името на градот Познањ веројатно произлегува од личното име, Poznan (според партиципот на полски јазик: poznan(y). Исто така е можно дека името на градот е непосредно изведен од глаголот да препознае ().
Историја thumb|лево|200п|Споменик на Мјешко I и Болеслав I thumb|десно|200п|Грб на Познањ од 14 век 200п|thumb|лево|Царската палата thumb|десно|200п|Градот во 1617 година thumb|лево|200п|Језуитска академија thumb|десно|200п|Домот на операта
Со векови пред христијанизацијата на Полска, Познањ бил важен културен и политички центар на племето Полан. Мешко I, првиот историски евидентиран владетел на Полан, градот го изградил како негово седиште. Крштевањето на Мешко во 966 година се смета за клучен момент во воспоставувањето на полската држава и самото крштевање се случило токму во Познањ.
По крштевањето започнала изградбата на Градската катедрала, која била прва во Полска. Најверојатно во катедралата се наоѓало и седиштето на првиот епископ на Полска, Јордан. По конгресот од Гњезно во 1000 година била основана првата архиепископија со седиште во Гњезно како главен град на Полска од тоа време, иако и Познањ имал свои независни епископи. Во катедралата биле погребувани првите полски монарси како Мешко I, Болеслав I, Мешко II, Кажимеж I а подоцна и Пшемисл I и Пшемисл II.
Кон почетокот на 11 век градот имал мали конфликти со паганските поддржувачи, за да во 1038 година биде освоен од страна на бохемскиот војвода Бржетислав I. Веќе следната година главниот град бил преместен во Краков. Во 1138 година, според тестаментот на Болеслав III, Полска била поделена во посебни војводства а Познањ и неговата околина припаднала во териториите на Мешко III Стариот, прв од војводите на Голема Полска. Овој период на фрагментација траел до 1320 година. Војводствата често ги проширувале своите територии на влијание. Во еден период Познањ заедно со Гњезно и Калиш биле вклучувани во едно војводство, но во други времиња тие претставувале посебни војводства.
Во околу 1249, војводата Пшемисл I започнал со изградба на кралскиот замок кој се наоѓа на ридот на левиот брег од реката Варта. Во текот на овој период се случила итн. Германска источна миграција. Градот бил опкружен со ѕидини а во самиот центар се наоѓал замокот.
Во времето на Полско-литванската Државна Заедница, Познањ бил седиште на војводство. Важноста на градот започнала да расте во Јагелонскиот период, поради својата позиција на трговските патишта од Литванија и Рутенија во Западна Европа. Градот станал главен центар за трговија со крзно кон крајот на 16 век. Приградските населби започнале да се шират околу градските ѕидини, на островите на реката и на десниот брег. Сепак развој на градот бил попречен од страна на редовните големи пожари и поплави. На 2 мај 1536 градот бил уништен од пожар. 175 објекти, вклучувајќи го овде и замокот, градското собрание, манастирот и приградската населба наречена Свети Мартин биле целосно зафатениJ. Perles: Geschichte der Juden in Posen. In: Monatsschrift für Geschichte und Wissenschaft des Judentums. Vol. 13, Breslau 1864, pp. 321-334 (in German, online). Во 1519 година била основана Лубранската академија како институција за високо образование (но без право на доделување дипломи, право кое му припаѓало на Јагелонскиот универзитет во Краков). Сепак колеџот на Језуитите кој бил основан во градот во 1571 година за време на контра-реформацијата имал право за доделување дипломи од 1611 до 1773 година.
Во втората половина на 17 век, а најголем дел од XVIII век, Познањ бил сериозно погодени од серија на војни како Втората и Третата Северна војна, Војната за полското наследство, Седумгодишната војна итн. Исто така градот бил погоден од чести епидемии на чума и од поплави, особено онаа од 1736 година, кој уништил поголем дел од приградските објекти. Населението на градот значително се намалило (од 20.000 во околу 1600 до 6.000 во околу 1730 година). Во 1778 година во градот бил основан „Комитет на редот“, кој ја надгледувал обновата на градот и реорганизацијата на администрацијата на градот. Сепак, во 1793 година, по втората поделба на Полска, Познањ бил вклучен кон територијата на Кралство Прусија, станувајќи дел и седиште на провинција Јужна Прусија.
Пруските власти ги прошириле границите на градот. Старите градски ѕидини биле срушени во почетокот на 19 век, а главниот развој бил пренасочен кон западниот дел од стариот град. Во тој период биле изградени многу од главните улици кои денеска се наоѓаат во централниот дел на градот. По Големото полско востание од 1806 година, полските војници и цивилни волонтери помагнале во напорите на Наполеон Бонапарт во неговите војни против пруските сили. Градот станал дел од Варшавското Војводство во 1807 година и бил седиште на Познањскиот оддел. Сепак, во 1815 година, по Виенскиот конгрес, регионот бил вратен на Прусија и Познањ станал главен град на полуавтономното Големото Кнежевство Познањ.
Градот продолжил да се проширирува, и разни проекти биле финансирани од страна на полските филантропи. Во овој период биле изградени библиотеката Рачински и хотелот Базар. Првата железничка на градот била отворена во 1848 година. Поради својата стратешка местоположба, пруските власти изградиле нови ѕидини околу градот. По Големото полско востание од 1848 година, војводството ја изгубила својата автонимија додека градот останал единствено седиште на пруската провинција Посен. Во 1871 година градот станал дел од Германското Царство. Властите правиле напори да се германизира регионот. Германците изнесувале 38% од населението на градот во 1867 година, иако овој процент подоцна се намалил, особено откако регионот се вратил во Полска.
Во 1876 година започнала нова изградба на тврдини околу градот. Во 1910 година била изградена царската палата Замек како и оперската куќа. По Првата светска војна и Големото полско востание од 1918-1919 година, Познањ и поголем дел од регионот биле ослободени и ова било потврдено од страна на Версајскиот договор. Месното населението морало да се здобие со полско државјанство или да ја напушти земјата. Ова довело до значителен пад на процентот на етнички Германци, чиј број се намалил од 65.321 во 1910 до 5,980 во 1926 година и понатаму до 4.387 во 1934 година. Во меѓувоениот период, градот станал повторно главен на Познањското Војводство. Универзитетот Познањ (денес се нарекува Адам Мицкевич) бил основан во 1919 година. Границите на градот повторно биле прошири во 1925 година и 1933 година.
За време на германската окупација на 1939-1945, Познањ од страна на Третиот рајх бил прогласен како главен град на Вартеланд. Многу полски жители биле погубени, уапсени, протерани или биле испратени на принудна работа. Во исто време во градот се населиле голем број на Германци. Населението на Германци се зголемило од околу 5.000 во 1939 година (околу 2% од населението) на околу 95.000 во 1944 годинаJerzy Topolski. Dzieje Poznania w latach 1793-1945: 1918-1945. PWN. 1998. pp. 958, 1425."Trial of gauleiter Artur Greiser". Law Reports of Trials of War Criminals. United Nations War Crimes Commission. Wm. S. Hein Publishing. 1997. p. 86.. Пред Втората светска војна еврејската популација од околу 2.000 луѓе била убиена во најголем дел во Холокаустот"Survival artist: a memoir of the Holocaust", Eugene Bergman, 2009, pg. 20. Концентрационен логор бил формиран во Форт VII, еден од деветнаесетте тврдини. Кампот подоцна бил преместен во Жабиково, јужно од Познањ. Властите на Нацистичка Германија значително ги прошириле границите на градот, кои се задржале и по војната. Градот бил освоен од Црвената армија, со помош од страна на полските волонтери, на 23 февруари 1945 година по битката на Познањ, во која германската војска ги направила последните обиди за одбрана.
Поради протерувањето на германското население, населението на Познањ повторно се намалило. Градот повторно станал седиште на војводство. Во 1950 година големината на војводството било намалено, а на самиот град му бил даден посебен статус на војводство. Овој статус градот го изгубил по реформите од 1975 година.
Во 1956 година во градот се случиле протести како начин на изразување на отпорот против комунистичката власт. Во јуни 1956 година, во знак на протест од страна на работниците во фабриката „Цегиелски“, во градот започнале серија штрајкови и народни протести против политиката на владата. По протестниот марш на 28 јуни толпата ја нападнала комунистичката партија и тајната полициска станица, каде што биле одбиени од огнено оружје. Немирите продолжиле два дена додека не биле задушени од страна на армијата. Во овој период загинале 67 лица лица според официјалните податоци. Споменик на жртвите бил изграден во 1981 година..
По крајот на војната биле реконструирани и обновени голем број на оштетени објекти. Од 1960 година започнала интензивна изградба на живеалишта, во преден план на станбени објекти.
Најново проширување на границите на градот имало во 1987 година, со додавање на нови области, главно на север. Првите слободни локални избори по падот на комунизмот се одржале во 1990 година, а Познањ повторно станал главен град на Големополска.
Познањ продолжува да биде домаќин на редовните саеми и меѓународни настани, вклучувајќи ја Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации. Градот бил еден од градовите домаќини за Евро 2012 година.
Географија
Познањ зафаќа површина од 261,3 км2, и има координати 52°17'34–52°30'27N, 16°44'08–17°04'28E. Неговата највисока точка, со надморска височина од 157 метри (515 стапки), е на врвот на Гора Мораска. Најниската надморска височина од 60 метри се наоѓа по долината на реката Варта.
thumb|left|Езеро Малта thumb|Улица во градот
Најголемата река која тече во градот е Варта, која тече низ градот од југ кон север. Како што приближува центарот на градот, таа се дели на две гранки, што течат западно и источно од Остров Тумски и повторно се среќаваат на север. Помалата река Цибина тече низ источниот дел на градот каде се влева во Варта. Други притоки на Варта во градот се Јуниково, која тече од јужниот дел кон запад, Лубон, Гогданка и Виерзбак. thumb|left|Стариот град