Сантакрускиот, или познат и како натугуански, е австронезиски јазик кој се зборува на островот Нендо (Санта Крус) во Соломоните, каде е и главен јазик.

Класификација Порано за јазикот се верувало дека е источнопапуански јазик. Како и останатите рифско-сантакруски јазици, било докажано дека е дел од австронезиските јазици.

Дијалекти Дијалектите на јазикот се: бенвејски, лондајски, малоански, нејански и нолиски. Нејанскиот и нолискиот се најразлични дијалекти и тие се класифицираат како различен јазик, налогоански јазик.

Наводи

Надворешни врски Англикански молитвеник на сантакруски Материјали за сантакруски

Категорија:Рифско-сантакруски јазици