Градоначалникот на Град Скопје го претставува и застапува Градот Скопје. За својата работа градоначалникот одговара пред граѓаните на град Скопје. Сегашен градоначалник на Град Скопје е Орце Ѓорѓиевски.

Надлежности Надлежностите на градоначалникот се следниве:

ги прогласува актите на Советот и ги објавува во „Службен весник на Град Скопје“; се грижи и го обезбедува извршувањето на актите на Советот; се грижи за извршување на работите што со закон му се доверени на Градот Скопје; му предлага на Советот донесување на одлуки и други општи акти од негова надлежност; раководи со управните и административните органи и служби на Градот; управува со имотот на Градот во согласност со статутот; именува и разрешува главен архитект; му предлага на Советот именување и разрешување на раководни органи на јавните служби, установи и претпријатија основани од Градот; именува и разрешува раководни лица на административните, односно управните органи на Градот Скопје; донесува акти за кои е овластен со закон, статутот на Градот или акт на Советот; врши и други работи утврдени со закон и со Статутот на град Скопје. Градоначалникот соработува со градоначалниците на општините од подрачјето на Градот Скопје, заради изградување на заеднички ставови, определување заеднички приоритети и преземање заеднички акции по определени прашања и проблеми од интерес за Градот како целина.

Список на Градоначалници на Град Скопје (1991-) Партија

Бр,Име СликаМандат Политичка припадност 1 Милан Талевски 126x126пкс 1991 1993 ВМРО-ДПМНЕ 2 Горан Николовски 126x126пкс 1993 1995 ВМРО-ДПМНЕ 3 Јове Кекеновски 126x126пкс 1995 1996 ВМРО-ДПМНЕ 4 Ристо Пенов 131x131пкс 1996 2005 ЛДП 5 Трифун Костовски 130x130пкс 2005 2009 Независен 6 Коце Трајановски 129x129пкс 2009 2017 ВМРО-ДПМНЕ 7 Петре Шилегов 129x129пкс 2017 2021 СДСМ 8 Данела Арсовска 133x133пкс 2021 2025 Независна 9 Орце Ѓорѓиевски 143x143пкс 2025 Тековен ВМРО-ДПМНЕ

Извори и надворешни врски Градоначалник на Град Скопје

*