Мирче Најденов Георгиев познат и како Мирчо Најдов и Свеќарчето,Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 85. — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и прилепски војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис Мирче Најденов е роден во 1878 година во селото Мажучиште,Според други извори е роден во 1881 г. во селото Мало Коњари. Прилепско, тогаш во рамките на Отоманското Царство. Татко му Најдо бил ајдутин, четник во четата на Спиро Црнев. Мирче Најденов станал член на ВМОРО, и во текот на 1904 година, влегол во четата на велешкиот војвода Стефан Димитров. Во 1905 година, се префрла во прилепската чета на Георги Ацев. По смртта на Ацев, на 25 јуни 1906 година, Мирче Најденов станува прилепски околијски војвода. Прилепските чети на Најденов и Ѓоре Спирков земаат учество во Битката на Ножот на 14 јули 1907 година.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934), Софија, 2001, стр. 112

По избувнувањето на Првата балканската војна во 1912 година, Мирче станува доброволец во Македонско-одринските доброволни чети и служи во четата на Крсто Гермов, а подоцна во деветтата велешка дружина. Ранет е на 7 ноември 1912 година. Носител е на орден „За храброст“ IV степен.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 477. Во текот на Првата светска војна, служи во Петтиот македонски полк на Единаесеттата македонска дивизија на бугарската армија, а потоа и во составот на Тане Николов во Моравската военоинспекциска област. Тешко е ранет кај селото Обртинца, Поморавје, и умира на пат за болницата во Ниш.Македонски научен институт

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Македонски револуционери Категорија:Родени во 1878 година Категорија:Луѓе од Мажучиште Категорија:Починати во Ниш