Свети Архангел Михаил (од мештаните нарекувана Свети Арангел) — главна селска црква во селото Асамати, Општина Ресен, Македонија.
Се наоѓа јужно од селото, покрај брегот на Големото Преспанско Езеро. Во дворот на црквата се наоѓаат селските гробишта.
Историја
Била изградена во 1636 година. Црквата од асамаштани уште е нарекувана и „Св. Њум“ (Свети Наум), но не се знае од која причина.
Градба
Црквата е еднокорабна со полукружна апсида. Била изградена од кршен и приделкан камен, покриена со двоводен кров од ќерамиди.
Покрај малата еднокорабна градба, во поново време од јужната, западната и северната страна се прилепени помошни простории во вид на затворени тремови и се направени премалтерисувања на ѕидовите во наосот и дел од олтарскиот простор.
Живопис
Внатрешноста на црквата е живописана.
Од зачуваниот натпис, што се наоѓа на источниот ѕид од олтарскиот простор, дознаваме дека црквата е живописана во четвртата деценија на век. Сочуваното сликарство од олтарскиот простор е истовремено и најзначајната содржина што ја поседува овој мал храм, како едно веродостојно сведоштво за уметноста од првата половина на век во Преспа. Тука се сочувани неколку композиции и поединечните ликови на „Св. Атанасиј“, „Св. Василиј“, „Св. Јован Златоуст“ и „Св. Григориј“, како учесници во архијерејската литургија, насликани во долната зона од нишата на апсидата. Над нив е „Св. Богородица“ со малиот Христос пред себе а во најгорната зона е композицијата со „Вознесението Христово“. Лево и десно од апсидната конха се деловите од „Благовештението“ со ликовите на „Архангел Гаврил“ и „Св. Богородица“. Во малата полукружна ниша од жртвеникот, насликан е „Св. Првомаченик Стефан“. Од зачуваните партии, може да се констатира дека непознатиот автор на овие фрески поседувал значителни уметнички квалитети за времето во кое творел.
Иконостас
На високата олтарна преграда, која за жал ја затскрива највредната содржина од овој храм, поставени се неколку икони од 1931 година.
Поврзано
Ресенско архијерејско намесништво Подмочанско-љубојнска парохија Асамати
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Асамати Асамати Категорија:Дела на Линотопската школа