Муса Со (роден на 19 јануари 1986 година) — сенегалски фудбалер, напаѓач на Фенербахче и на сенегалската репрезентација.
Клупска кариера Почетоци Муса Со е роден во Мант ла Жоли, Франција, а својата фудбалска кариера ја започнал во младинските селекции на локалниот клуб ФК Мант, за преку Амјен да стигне во академијата на Рен во 2003 година. Својата професионална кариера во Рен ја започнал во 2004 година на 18-годишна возраст. Во првата сезона како професионалец одиграл 4 натпревари за првиот тим на Рен, 3 во првенството и еден во Лига купот. Својте први голови во професионалната кариера, ги постигнал на 6 јануари 2006 против нисколигашот Корте во победата со 2-3 во Купот на Франција тресејќи ја мрежата двапати.
Во сезоната 2007-2008 Со бил позајмен на Седан во Лига 2 каде постигнал 6 гола во 30 првенствени настапи. По враќањето во Рен за сезоната 2008-2009 тој бил прв избор во нападот на клубот, постигнувајќи 13 гола во сите натпреварувања од кои 9 во првенството вклучувајќи го и оној во четвртата минута од судиското продолжение за победа од 2-1 против својот иден клуб Лил во третото коло од првенството. Откако во сезоната 2009-2010, постигнал само 5 гола на 26 натпревари во сите натпреварувања, клубот одлучил да не му го продолжи договорот и тој станал слободен играч во летото 2010.
Лил
Кога договорот со Рен дошол до својот крај, 24-годишниот напаѓач потпишал три-годишен договор со Лил на 28 јуни 2010 година. Со постигнал гол веќе на своето деби за Лил во ремито 1-1 на госто кај неговиот доскорашен клуб Рен. Меѓутоа по тој натпревар, тој не успеал да се впише в списокот на стрелците сè до 19 септември, кога неговиот погодок во 90-тата минута му ги обезбеди на Лил сите три бода во еден тежок натпревар на домашен терен против Осер. Со го постигнал својот прв хет-трик за Лил на 13 ноември 2010 година, во победата на гости со 5-2 над Каен, во која покрај Со меѓу стрелците за Лил се впишале и Жервињо и Франк Берија во судиското продолжение за да ја запечатат победата. За помалку од еден месец подоцна, на 5 декември 2010 година, Со постигнал уште еден хет-трик, овој пат против Лорјан. Неговите погодоци му помогнале на клубот да дојде до победа од 6-3 и цврсто високо поставен да продолжи во трката за титулата во Лига 1. Лил отишол на зимската пауза зима заземајќи ја првата позиција во првенството, откако во последното коло за годината 2010 Со го постигнал нивниот единствена погодок во ремито 1-1 со Сент-Етјен на 22 декември 2010 година.
На 21 мај 2011 година Со го постигнал својот 22-ри гол во Лига 1 во ремито 2-2 со Париз Сен Жермен, а резултатот од натпреварот му ја осигурал на Лил шампионската титула во лигата, прва за клубот уште од 1954 година. Својот трет хет-трик за сезоната, Со го постигнал во последното коло од првенството, во кое Лил ја затворил победничката кампања со уште една победа од 3-2 над Рен. Муса Со бил најдобар стрелец за сезоната 2010-2011 во француското првенство со 25 гола, а исто така придонел и со три асистенции.
Во сезоната 2011-2012 тој постигнал 3 гола во Лигата на шампионите против ЦСКА Москва (2) и Трабзноспор и 6 гола во 18 настапи во првенството. Во јануарскиот преоден рок тој го напуштил клубот, завршувајќи го своето искуство во дресот на Лил со 36 постигнати гола во 75 натпревари.
Фенербахче На 27 јануари 2012 година, Фенербахче го купиле Со за 10 милиони €, потпишувајќи 4 и пол годишен договор со играчот во трајност до летото 2016 година. Со го направил своето деби во градското дерби против Бешикташ на 5 февруари 2012 година и постигнал гол во втората минута од судиското продолжение. На 18 март тој го постигнал првиот гол во дербито против Галатасарај со прекрасен ножичен удар. Тој ја продолжил својата добра форма, постигнувајќи доцен израмнувачки погодок против Кајзериспор во четвртфиналето на Турскиот куп на 12 април 2012 година, помагајќи му на својот тим да стигне до полуфиналето по изведување на пенали. Со, исто така, го постигнал вториот гол за својот тим против соперникот Трабзонспор на 15 април 2012 година. Во текот на сезоната 2011-2012 Со одиграл 12 натпревари во лигата и постигнал 7 голови. На 16 мај тој го освоил својот прв трофеј со Фенер, откако во финалето на Турскиот куп ја совладале Бурсаспор со резултат од 4-0.
thumb|right|200px|Со во дресот на Фенербахче во натпревар против Шахтар. Во текот на сезоната 2012-2013 Со одиграл 22 натпревари во лигата и постигнал 13 гола. Исто така, тој постигнал и 3 гола во европските натпреварувања. На 3 март 2013 година, Со постигнал два гола во дербито против Бешикташ, но неговиот тим бил поразен со 3-2.Report: Besiktas - Fenerbahce 3-2; Sow (2) for Fener not enough, Kuijt (og), Niang and Sahan seals Besiktas victory Goal.com Седум дена подоцна тој постигнал уште еден гол против Бурсаспор, во победата на жолто-сините со резултат 4-1. Својата серија на погодоци ја продолжил на 17 март 2013 година постигнувајќи гол во победата со 2-1 над Анталијаспор, постигнувајќи 4 гола во последните 3 недели. На 22 мај 2013 година, Со го постигнал единствениот погодок во натпреварот во кој Фенербахче го поразил Трабзонспор за да ја одбрани титулата и да го освои Турскиот куп втора година по ред. Овој успех дошол како утеха за изгубената титула во турското првенство од градскиот соперник Галатасарај.
Во својата трета сезона во Истанбул, Со му помогнал на Фенербахче конечно да ја освои титулата во лигата постигнувајќи 15 гола во 30 натпревари со кои бил најдобар стрелец на клубот во сезоната. На 21 септември тој го постигнал својот прв хет-трик во дресот на Фенербахче во победата со 4-0 над Елазигспор. На 24 ноември Со го постигнал победничкиот гол за Фенер во 90-тата минута за да му донесе три бода на својот тим на гостувањето кај Анталијаспор со 2-1. Седум дена подоцна, тој погодил и во мрежата на Бешикташ во ремито 3-3 на Шукру Сараџоглу. По поразот на Галатасарај на домашен терен од Касимпаша, Фенербахче математички ја осигурал својата 19 титула во турското првенство на четири кола пред крајот, прва во кариерата за Муса Со.
Следната сезона, 2014-2015, Со ја започнал со освојување на Суперкупот на Турција со победа над Галатасарај на пенали, започнувајќи го натпреварот како стартер но бил заменет во 116-тата минута од Мехмет Топуз. Тој постигнал 14 гола на 33 натпревари во лигата, но Фенербахче не успеал да го одбрани трофејот завршувајќи на второто место со три бода помалку од шампионот Галатасарај.
Ал Ахли На 29 август 2015 година, Ал Ахли го доведува Со за 16 милиони €. Тој постигнал 13 гола во 24 натпревари помагајќи му на клубот да ја освои титулата во ОАЕ Про лигата.
Враќање во Фенербахче На 31 август 2016 година, Со се вратил во Фенербахче како позајмен играч до крајот на сезоната од Ал Ахли. Во ноември истата година тој постигнал прекрасен погодок со ножички против Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа. На 27 истиот месец тој постигнал хет-трик во победата со 5-1 на гости против Ризеспор, од кој последниот гол бил многу сличен на оној против Манчестер Јунајтед. На 8 декември 2016 година, Со постигнал уште еден гол со ножичен удар, овој пат во победата со 1-0 нагости против Фејенорд во Лигата на Европа. Како резултат на овие погодоци со ножички клубот Фенербахче започнал да продава негови дресови со обратно испишано име и број.
Репрезентативна кариера На 12 август 2009 година, Со дебитирал за сенегалската репрезентација во победата со 2-1 во пријателски натпревар против ДР Конго. На 5 септември 2010 година, Со го постигнал својот прв гол за Сенегал во победата со 4-2 на гости повторно над ДР Конго во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2012. Тој постигнал уште три гола во квалификациите, а откако бил повикан да настапува и на завршниот турнир тој постигнал еден гол и таму во поразот со 2-1 од Екваторска Гвинеја.
Со учествувал и на Африканскиот куп на нации 2015, каде што тој постигнал гол уште во првиот натпревар на Сенегал на турнирот, победата со 2-1 над Гана. Голот дошол во третата минута од судиското продолжение. Сепак, Сенегал го завршил настапот уште во групната фаза.
На Африканскиот куп на нации 2017, Со постигнал гол во третиот натпревар од групната фаза против Алжир во ремито 2-2 со кој и донел бод на својата репрезентација и освојување на првото место во групата. Во четвртфиналето тој бил еден од играчите кој погодиле во пенал завршницата, но промашувањето на Садио Мане во петтата серија го чинело Сенегал елиминација од турнирот од подоцнежниот шампион Камерун.
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 2 мај 2017.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2004-2005 Рен Л1 3 0 КФ+ЛКФ 0+1 0+0 4 0 2005-2006 Л1 7 0 КФ+ЛКФ 3+0 2+0 КУ 2 0 12 2 2006-2007 Л1 14 0 КФ+ЛКФ 1+1 0+1 16 1 авг.-сеп. 2007 Л1 2 0 2 0 сеп.2007-2008 Седан Л2 30 6 КФ+ЛКФ 7+0 4+0 37 10 2008-2009 Рен Л1 32 9 КФ+ЛКФ 6+2 2+1 КУ 5 1 45 13 2009-2010 Л1 24 3 КФ+ЛКФ 2+0 2+0 26 5Вкупно Рен 82 12 16 8 7 1 105 21 2010-2011 Лил Л1 36 25 КФ+ЛКФ 5+2 0+0 ЛЕ 8 1 - - - 51 26 2011-јан. 2012 Л1 18 6 КФ+ЛКФ 0+0 0+0 ЛШ 6 3 СФ 1 1 25 10Вкупно Лил 54 31 7 0 13 4 1 1 75 36 јан.-јун. 2012 Фенербахче СЛ 12 7 КТ 2 1 14 8 2012-2013 СЛ 31 15 КТ 5 1 ЛШ+ЛЕ 4+12 2+1 СТ 1 0 53 19 2013-2014 СЛ 30 15 КТ 0 0 ЛШ 4 1 СТ 1 0 33 16 2014-2015 СЛ 33 14 КТ 6 2 СТ 1 0 40 16 авг. 2015 СЛ 2 1 КТ ЛШ+ЛЕ 2+1 0 5 12015-2016 Ал Ахли ОПЛ 24 13 КОАЕ 6 3 - - - - - - 30 16 2016-2017 Фенербахче СЛ 20 11 КТ 4 0 ЛЕ 7 2 31 13Вкупно Фенербахче 128 63 21 4 30 6 3 0 179 73Вкупно 318 125 53 19 51 11 4 1 416 150
Титули Франција Лига 1 (1): 2010-2011Moussa Sow - Trophies soccerway.com Куп на Франција (1): 2010-2011
Фенербахче Турска Супер лига (1): 2013-2014 Куп на Турција (2): 2011-2012, 2012-2013 Суперкуп на Турција (1): 2014
Ал-Ахли ОАЕ Про лига (1): 2015-2016
Наводи
Надворешни врски
Муса Со на soccerway Муса Со на transfermarkt Муса Со на espn
Категорија:Живи луѓе Категорија:Сенегалски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Рен Категорија:Фудбалери на ФК Лил Категорија:Фудбалери на ФК Фенербахче Категорија:Француски фудбалери Категорија:Родени во 1986 година