at Гарет Франк Бејл ( во ) — велшки фудбалер или на Реал Мадрид и велшката репрезентација.
Кариера Клупска кариера Бејл ја започнал кариерата во екипата на Саутхемтон, играјќи како лев бек и веќе таму изградил репутација на одличен изведувач на слободни удари. Тој се преселил во Тотенхем Хотспар во летото 2007 година, за сума од 7 милиони фунти. За време на престојот во Тотенхем, менаџерските и тактичките смени во тимот го довеле да се трансформира во повеќе напаѓачки играч. Од сезоната 2009-2010, под водство на Хари Реднап, Бејл станал составен дел од тимот, а за време на сезоната 2010-2011 кон него се зголемило и вниманието на меѓународната јавност по одличните игри во Лигата на шампионите. Во 2011 година и 2013 година тој бил прогласен за фудбалер на годината во Премиер лигата, и исто така бил избран и во УЕФА Тимот на годината. Во 2013 година, тој ја добил наградата за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата.
На 1 септември 2013 година, Бејл бил продаден на Реал Мадрид за сума помеѓу 91 милиони евра и 100 милиони евра. Во јануари 2016 година, документите кои се однесувале на трансферот потврдиле дека тој изнесувал 100,8 милиони евра, засенувајќи ја претходната рекордна сума од 80 милиони фунти, односно, 94 милиони евра платени исто така од Реал Мадрид за Кристијано Роналдо во 2009 година. Бејл одиграл суштинска улога во неговата прва сезона во Реал Мадрид, за да му помогне на клубот да ја освои шампионската титула во Лигата на шампионите но и во Копа дел Реј, постигнувајќи голови и во двете финалиња. Следната сезона, тој го освоил Суперкупот на УЕФА, и постигнал гол и во третото големо финале за да му помогне на клубот да го освои ФИФА Светското клупско првенство во 2014 година. Две години подоцна, тој бил клучен играч во уште една шампионска кампања во Лигата на шампионите, победувајќи го Атлетико Мадрид во финалето и бил избран во УЕФА тимот на сезоната. Во 2016 година, ESPN го рангирал Бејл за дванаесетти на својата список на најпознатите спортисти во светот.
Репрезентативна кариера Бејл го направил своето деби за фудбалската репрезентација на Велс во мај 2006 година, со што станал најмладиот играч во тој момент кој настапил за еден репрезентација. Бидејќи тој има заработено повеќе од 60 настапи и постигнато 26 голови, го направи да биде втор стрелец во историјата на Велс одма зад Јан Раш. Тој бил најдобар стрелец за Велс во нивните успешни квалификациите за УЕФА Евро 2016, постигнувајќи седум гола; На Европското првенство во Франција 2016 година, тој го одвел Велс до полуфиналето на првенството што претставува најголем репрезентативен успех на Велс.
Титули Реал Мадрид Примера Дивисион : 1 2016-2017 Куп на Шпанија : 1 2013-2014 Суперкуп на Шпанија : 1 2017 Лига на Шампиони : 4 2013-2014, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018 Светско клупско првенство : 3 2014, 2017, 2018 Суперкуп на УЕФА : 3 2014, 2016, 2017
Наводи
Надворешни врски
Гарет Бејл на soccerway Гарет Бејл на transfermarkt Гарет Бејл на Goal.com Гарет Бејл на espn Гарет Бејл на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Велшки фудбалери