Триод или трипеснец(, од τρεις - три + ωδή - песна) — зборник од канони, кои се состојат од три пеења. Постојат стари ракописи на црковнословенски јазик. Првиот печатен триод е издаден во Венеција.

Триодoт ги покрива подвижните празници на годината, празниците чии датуми не се фиксни, туку зависат од деновите на празнувањето на Велигден - од подготвителната недела за великите пости до втората недела по Педесетница (Духовден).

Посен и цветен триод Во богослужбата има посен триод и цветен триод.

Посен триод Посен триод (Τριῴδιον κατανυκτικόν) - содржи служби на подготвителните и великопосната недела, од првата недела - почнувајќи со неделата на митарот и фарисејот, до Велигден. Повеќето автори на молитвени текстови (канони, стихири, антифони и др.) се од 8 и 9 век – Андреј Критски, Козма Мајумски, Јован Дамаскин, император Лав VI, и др.

Цветен триод Цветен триод (пентикостар, петдесетодневник) – ги вклучува службите за Велигден (започнува со Лазарова сабота) и недела по Воскресението Христово до втората недела по Педесетница.

Познати триоди Познати македонски триоди се: Битолски триод Орбелски триод Шафариков триод Загрепски триод

Наводи

Категорија:Православие Категорија:Богослужбени книги Категорија:Средновековна македонска книжевност Категорија:Грцизми