Фудбал за приjателство () - е годишна меѓународна детска општествена програма имплементирана од ЈАД Гаспром. Целта на програмата е кај младата генерација да се култивираат важни вредности и интерес за здрав начин на живеење преку фудбалот. Во рамките на програмата, играчи на фудбал на возраст од 12 години од различни земји учествуваат во годишниот Меѓународен детски форум, Светскиот куп во „Фудбал за пријателство“ и Меѓународниот ден на фудбал и пријателство. Програмата е поддржана од ФИФА, УЕФА, ООН, Олимпискиот и параолимпискиот комитет, влади и фудбалски федерации од разни држави, меѓународни хуманитарни организации, јавни организации, водечки светски фудбалски клубови. Главен организатор на програмата е АГТ Комјуникејшнс Груп (AGT Communications Group) (Русија).
Историја
„Фудбал за пријателство“ 2013 Првиот Меѓународен детски форум „Фудбал за пријателство“ беше одржан на 25 мај 2013 г. во Лондон. Во него учествуваа 670 деца од 8 земји: Бугарија, Велика Британија, Унгарија, Германија, Грција, Русија, Србија и Словенија. Русија беше претставена од 11 фудбалски екипи од 11 руски градови што ќе бидат домаќини на натпреварите од ФИФА Светскиот куп во 2018 г. Младинските екипи на клубовите Зенит, Челси, Шалке 04, Црвена ѕвезда, победници на детскиот ден на спортови на Гаспром и победници на фестивалот „Факел“, исто така учествуваа во форумот.
За време на форумот, децата се дружеа со своите врсници од други земји и со славни фудбалери, и исто така, присуствуваа на финалниот натпревар на УЕФА Лигата на шампиони во фудбал за 2012/2013 на стадионот Вембли.
Резултатот на овој форум беше едно отворено писмо во кое децата ги изразија осумте вредности на програмата: пријателство, еднаквост, правда, здравје, мир, преданост, победа и традиции. Подоцна, тоа писмо се испрати кај раководните лица на УЕФА, ФИФА и МОК. Во септември 2013 год, за време на средбата на Владимир Путин и Витали Мутко, Сеп Блатер потврди дека го прими писмото и изјави дека е подготвен да го поддржи проектот „Фудбал за пријателство“.
„Фудбал за пријателство“ 2014 Втората сезона на програмата Фудбал за пријателство се одржа во Лисабон од 23-25 мај 2014 г. и вклучи повеќе од 450 тинејџери од 16 земји: Белорусија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Италија, Полска, Португалија, Русија, Србија, Словенија, Турција, Украина, Унгарија, Франција, Холандија и Хрватска. Младите фудбалери учествуваа во Меѓународниот форум „Фудбал за пријателство“, турнир во уличен фудбал и присуствуваа на финалниот натпревар на УЕФА Лигата на шампиони во фудбал за 2013/2014 година.
Победникот на Меѓународниот турнир во уличен фудбал за 2014 г. беше младинската екипа на Бенфика (Португалија).
Резултат од втората сезона на програмата беше изборот на водач на движењето „Фудбал за пријателство“. Беше избран Фелипе Суарез од Португалија. Во јуни 2014 г., како водач на движењето, тој го посети деветтиот Меѓународен младински турнир, организиран во сеќавање на Јури Андрејевич Морозов.
„Фудбал за пријателство“ 2015 Третата сезона на меѓународната општествена програма „Фудбал за пријателство“ се одржа во јуни 2015 г. во Берлин. За првпат во програмата учествуваа млади учесници од азискиот континент, детските фудбалски екипи од Јапонија, Кина и Казахстан. Сè на сè, во третата сезона учествуваа младински екипи од 24 фудбалски клубови од 24 земји.
Младите фудбалери се дружеа со своите врсници од други земји и со ѕвездите на светскиот фудбал, вклучувајќи го глобалниот амбасадор на програмата Франц Бекенбауер, и исто така, учествуваа во Меѓународниот турнир во уличен фудбал меѓу младинските екипи.
Победникот на Меѓународниот турнир во уличен фудбал за 2015 г. беше младинската екипа на Рапид (Австрија).
За настаните од третата сезона на програмата „Фудбал за пријателство“ известуваа околу 200 новинари од светски водечки публикации, како и 24 млади новинари од Европа и Азија, членови на Меѓународниот детски прес-центар.
Кулминација во 2015 г. беше доделувањето на наградите од купот Девет вредности, во кој првата награда ја освои фудбалскиот клуб Барселона (Шпанија). Победникот го избраа децата, кои пред почетокот на Форумот учествуваа во глобално гласање што се одржа во сите 24 земји учеснички.
На крајот на Форумот, сите учесници традиционално присуствуваа на финалниот натпревар на УЕФА Лигата на шампиони во фудбал 2014/2015 што се одржа во Олимпискиот стадион во Берлин.
„Фудбал за пријателство“ 2016 Почетокот на Меѓународната општествена детска програма „Фудбал за пријателство“ во 2016 г., се обележи со семрежна прес-конференција преку Hangout и се одржа на 24 март во Минхен со учество во програмата на глобалниот амбасадор Франц Бекенбауер.
Во четвртата сезона на програмата се приклучија 8 нови младински екипи од Азербејџан, Алжир, Аргентина, Бразил, Виетнам, Ерменија, Киргистан и Сирија, со што вкупниот број на земји учеснички се зголеми на 32.
На 5 април 2016 г. започна гласањето за уникатниот трофеј и отпочна купот „Девет вредности“. Навивачи од целиот свет учествуваа во изборот на победникот, но крајната одлука ја донесоа учесниците на програмата „Фудбал за пријателство“ со гласање. Купот го освои фудбалскиот клуб Баерн (Минхен). Учесниците во „Фудбал за пријателство“ ги истакнаа активностите на клубот за поддршка на децата со посебни потреби, како и иницијативите да се обезбеди третман за деца во разни земји и помош на оние на коишто им е потребна.
Четвртиот меѓународен детски форум „Фудбал за пријателство“ и финалниот натпревар на детскиот меѓународен турнир во уличен фудбал се одржа од 27-28 мај 2016 г. во Милано. Победник на турнирот беше екипата Марибор од Словенија. На крајот на форумот, учесниците традиционално присуствуваа на финалниот натпревар на УЕФА Лигата на шампиони во фудбал. Настаните на форумот ги следеа повеќе од 200 новинари од водечки светски медиуми, како и Детскиот меѓународен прес-центар, што вклучуваше млади новинари од земјите учеснички.
Во четвртата сезона на „Фудбал за пријателство“ учествуваа и млади фудбалери од сирискиот клуб Ал-Вахда, што беше без преседан. Вклучувањето на сириската екипа во програмата на учесници и посетата на сириските деца на настаните во Милано, беа еден важен чекор кон надминување на хуманитарната изолација на земјата. Арапската спортска редакција на Меѓународниот телевизиски канал „Русија денес“, со поддршка на Сириската фудбалска федерација, сними документарен филм „Три дена без војна“ за децата што учествуваа во проектот. На 14 септември 2016 г., повеќе од 7.000 луѓе ја посетија премиерата на филмот во Дамаск.
„Фудбал за пријателство“ 2017 Местото каде што се одржа меѓународниот детски општествен проект „Фудбал за пријателство“ во 2017 г. беше Санкт Петербург (Русија) и финалните настани се одржаа таму од 26 јуни до 3 јули.
Во 2017 г. бројот на земји учеснички се зголеми од 32 на 64. За првпат, во програмата „Фудбал за пријателство“ учествуваа деца од Мексико и Соединетите Американски Држави. Така, проектот зближи млади играчи од четири континенти - Африка, Евроазија, Северна Америка и Јужна Америка.
Во петтата сезона програмата беше имплементирана со еден сосема нов концепт: од секоја земја се одбира еден млад фудбалер што ќе ја претставува. Децата се обединија во осум Меѓународни пријателски екипи, формирани од 12-годишни момчиња и девојчиња, вклучувајќи ги и оние со посебни потреби.
Составот на екипите и позициите во играта на претставниците од земјите учеснички се одредија со јавно извлекување. Извлекувањето се одржа преку интернетска конференција. На чело на осумте Пријателски екипи се наоѓаа младите тренери: Рене Ламперт (Словенија), Стефан Максимовиќ (Србија), Брендон Шабани (Велика Британија), Чарли Су (Кина), Анатоли Чентулојев (Русија) Богдан Кролевецки (Русија), Антон Иванов (Русија), Ема Хеншен (Холандија). Лилија Мацумото (Јапонија), претставник на меѓународниот прес-центар на „Фудбал за пријателство“, исто така учествуваше во извлекувањето.
Победникот на Светскиот куп „Фудбал за пријателство“ за 2017 г. беше „портокаловата“ екипа што вклучуваше млад тренер и млади фудбалери од девет земји: Рене Ламперт (Словенија), Хонг Јун Марвин Туе (Сингапур), Пол Пуиг Монтана Првиот (Шпанија), Габриел Мендоса (Боливија), Раван Казимов (Азербејџан), Крисимир Станимиров Станчев (Бугарија), Иван Агустин Каско (Аргентина), Роман Хорак (Чешка), Хамза Јусуф Нури Алхават (Либија).
На меѓународниот детски форум присуствуваше Виктор Зубков (претседател на Одборот на директори на ЈАД Гаспром), Фатма Самура (Генерален секретар на ФИФА), Филип ле Флок (Главен комерцијален директор на ФИФА), Хулио Баптиста (бразилски фудбалер), Иван Заморано (чилеански фудбалски стрелец), Александер Керзахов (руски фудбалер) и други гости, кои повикаа на промоција на клучните човечки вредности меѓу помладата генерација.
Во 2017 г. проектот зближи повеќе од 600.000 луѓе и повеќе од 1.000 деца и возрасни од 64 земји присуствуваа на финалните настани во Санкт Петербург.
„Фудбал за пријателство“ 2018 Во 2018 г., се одлучи шестата сезона од програмата Фудбал за пријателство да се одржи од 15 февруари до 15 јуни. Завршните настани се одржаа во Москва, непосредно пред Светското првенство на ФИФА, 2018. Учесниците во програмата беа млади фудбалери и новинари кои претставуваа 211 држави и региони од светот. Официјалниот почеток на програмата во 2018 започна со отворена жрепка во живо, според која се оформија 32 меѓународни тимови за пријателство.
Преку солидаризирање со мисијата за животната средина, меѓународните тимови за пријателство од 2018 ги добија своите имиња по ретки и загрозени видови на животни.
Меѓународни тимови за пријателство од програмата Фудбал за пријателство од 2018
African Elephant
Komodo Dragon
Kipunji
Big Turtle
Dama Gazelle
Cheetah
Rhinoceros
Angel Shark
Polar Bear
Lemur
Grizzly Bear
Whale Shark
Three-Toed Sloth
King Cobra
Chimpanzee
Gharial
Western Gorilla
Imperial Woodpecker
Saiga
Blond Capuchin
Koala
Siberian Tiger
Grévy's Zebra
Orangutan
Giant Panda
Magellanic Penguin
Rothschild's Giraffe
Humpback Whale
African Wild Dog
Lion
Hippopotamus
Galápagos Sea Lion
Исто така, во рамки на мисијата за животната средина, меѓународната кампања Хепи баз, која ја охрабрува заедницата да ги поддржи организациите за заштита на загрозените видови, започна на 30 мај 2018. Национални паркови и резервати од Русија, САД, Непал и Велика Британија.
ѝ се придужија на кампањата. Воедно, за време на завршните настани од програмата Фудбал за пријателство во Москва, учесниците патуваа со еколошки афтобуси на природен гас.
1. Државна заедница Австралија
2. Република Австрија
3. Република Азербејџан
4. Народна Демократска Република Алжир
5. Американски Девствени Острови
6. Американска Самоа
7. Ангвила
8. Антигва и Барбуда
9. Арапска Република Египет
10. Аргентинска Република
11. Аруба
12. Барбадос
13. Белиз
14. Бермудски Острови
15. Боливарска Република Венецуела
16. Босна и Херцеговина
17. Британски Девствени Острови
18. Буркина Фасо
19. Војводство Луксембург
20. Унгарија
21. Источна Република Уругвај
22. Габонска Република
23. Република Гвинеја
24. Гибралтар
25. Држава Брунеј
26. Израел
27. Катар
28. Држава Кувајт
29. Држава Либија
30. Палестина
31. Гренада
32. Република Грција
33. Грузија
34. Демократска Република Источен Тимор
35. Демократска Република Конго
36. Демократска Република Саун Томе и Принсип
37. Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка
38. Доминиканска Република
39. Хашемитско Кралство Јордан
40. Исламска Република Авганистан
41. Исламска Република Иран
42. Исламска Република Мавританија
43. Република Италија
44. Република Јемен
45. Кајмански Острови
46. Канада
47. Народна Република Кина
48. Република Кина-Тајван
49. Кнежевство Андора
50. Кнежевство Лихтенштајн
51. Кооперативна Република Гвајана
52. Народна Република Кореја
53. Кралство Бахреин
54. Кралство Белгија
55. Кралство Бутан
56. Кралство Данска
57. Кралство Шпанија
58. Кралство Камбоџа
59. Кралство Лесото