Лоран Фињон (), (, – , ) – поранешен француски професионален велосипедист во периодот 1982 до 1993 година. Роден е во северниот дел на Париз, се занимавал со фудбал, а пријателите го вовлекле во велосипедизмот. Професионалната кариера ја почнал во 1982 година, а веќе наредната го освоил Тур де Франс, а победил и во 1984 година. Во 1989 година го освоил Џиро д’Италија, а подоцна водел голема борба на Тур де Франс и изгубил од Грег Лемонд за 8 секунди, што е најмалата разлика во историјата на Тур де Франс. Двапати ја освоил трката Милано-Санремо, а по еднаш Флеш Валон и националното друмско првенство. Фињон во два наврати бил позитивен на допинг тест. Умрел од рак во 2010 година.
Поврзано = Тур де Франс Џиро д’Италија Вуелта а Еспања Флеш Валон
Надворешни врски
Official Tour de France results of Laurent Fignon
Категорија:Француски велосипедисти Категорија:Победници на Тур де Франс Категорија:Победници на Џиро д’Италија