Прут — река во источна Европа со должина од 953 километри. Дел од реката тече по границата на Романија со Украина и Молдавија. Прут извира од источните падини на планината Говерла, во состав на Карпатите во Украина. Реката тече југоисточно и се влева во Дунав близу селото Ѓурѓулешт во Молдавија. Хидрографскиот басен на реката е 27,500 км2 од кои 10,990 км2 се во Романија а 7,790 км2 во Молдавија. Најголем град по течението на Прут е Черновци. 695 километри од вкупната должина на реката ја оформуваат романско-молдавската граница.
Една од позначајните битки во Руско-турската војна (1710-1711) се одиграла на реката Прут, кога руската војска предводена од Петар Велики и Борис Шереметјев се здружила со молдавскиот владетел Димитрие Кантемир да се бори против османлиската војска предводена од големиот везир Мехмед паша. Војниците на Петар биле на западниот, а војниците на Шереметјев на источниот брег на реката. Османлиите прво ги поразиле четите на Шереметјев, кој се повлекол на другиот брег и со Петар поставиле одбрана, која набргу била совладана од турскиот аскер. Две дена потоа бил потпишан договорот од Прут со кој бил означен крајот на војната. Русија требало да ги врати териториите околу Азовско Море, а Димитрие Кантемир по поразот побегнал во Москва.
Галерија
Наводи
Administrația Națională Apelor Române - Cadastrul Apelor - București Institutul de Meteorologie și Hidrologie - Rîurile României - București 1971
Надворешни врски
Реката Прут во Украинската енциклопедија
Категорија:Реки во Романија Категорија:Реки во Молдавија Категорија:Притоки на Дунав Категорија:Меѓународни реки во Европа