Самка Ибраимовски ( во Тетово) — македонски политичар од ромско потекло и претседател на политичката партија ПЦЕР. Ибраимовски дипломирал на Факултетот за менаџмент во Нови Сад, а во периодот 2011–2014 бил пратеник во Собранието на Република Македонија.Пратенички профил на Самка Ибраимовски Собрание на Република Македонија По парламентарните избори во 2016 тој станал министер без ресор во владата на Зоран Заев. Во декември 2017 година Ибраимовски поднел оставка од функцијата.Ибраимовски си поднесе оставка, на повидок реконструкција на владата , телевизија Канал 5 14.12.2017
Ибраимовски како млад бил тапанар во музичката група „Инекси“ од Тетово, а негов брат е пејачот Ибуш Ибраимовски. Пред да влезе во политиката Ибраимовски бил директор на тетовската фабрика за производство на мебел и садови „Униус промет“.Тапанистот стана успешен стопанственик Утрински Весник Во периодот 2004–2006 тој бил заменик на министерот за труд и социјална политика.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Политичари од Тетово Категорија:Пратенички состав 2011-2014