Едмонд Адеми () — македонски политичар од албанска етничка припадност, член на СДСМ. Адеми работел како советник на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во техничката влада на Емил Димитриев од 2016 година, а во 2017 бил назначен на функцијата министер без ресор во владата на Република Македонија. Пред тоа во периодот 2011–2015 работел како извршен директор во институтот за економски истражувања „Либерта“, а извесен период бил асистент на американските амбасадори во Македонија Џилијан Миловановиќ и Филип Рикер. Тој дипломирал социологија на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.Што откриваат биографиите на министрите во новата влада на Заев? Фокус (29 мај 2017)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Македонски политичари Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“