Критериум ди Дофине 2017 — 69. издание на велосипедската етапна трка Критериум ди Дофине, која се одржала помеѓу 4 и 11 јуни како дваесетитрети настан во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена на завршната етапа од данскиот возач Јакоб Фуглсанг, кој вози за екипата . На последната етапа доцнел 75 секунди зад предводникот Ричи Порт (), Фуглсанг нападнал заедно со возачот на , Ромен Барде, и возачот на , Даниел Мартин на Кол де ла Коломбје, околу 35 километри од завршницата. ПОдоцна биле достигнати пред завршното искачување; Фуглсанг и Мартин повторно се одвоиле на искачувањето, а нешто подоцна Фуглсанг продолжил сам. Фуглсанг останал сам до целта, освојувајќи ја втората етапа на трката за 12 секунди во однос на Мартин. Порт, на крајот, завршил како седми на етапата, 75 секунди зад Фуглсанг; меѓутоа, со бонус секундите на трката, Фуглсанг ја освоил трката со десет секунди предност пред Порт, прва победа за Данска на трката. Мартин завршил како трет на трката, шесте секунди бонус му донеле предност од една секунда пред Крис Фрум ().

На другите пласмани на трката, возачот на , Арно Демар, го освоил бодовниот пласман, додека возачот на , Кун Бауман, го освоил планинскиот пласман, освојувајќи ги втората и третата етапа, соодветно. Возачот на , Емануел Бухман, го освоил пласманот за млад возач, додека го освоиле екипниот пласман.

Екипи

Бидејќи Критериум ди Дофине е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Биле поканети и 4 професионални континентални екипи на трката.

Рута

Етапи Етапа 1

Етапа 2

Етапа 3

Етапа 4

Етапа 5

Етапа 6

Етапа 7

Етапа 8

Завршен поредок

Поредок

На Критериум ди Дофине 2017 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка со сина лента. Временски бонуси биле доделувани на првите тројца на сите етапи освен на поединечниот хронометар: етапниот победник добивал 10 секунди, додека вториот и третиот добивале шест и четири секунди, соодветно. Овој пласман бил сметан за најважен на Критериум ди Дофине 2017 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.

+ Бодови за бодовниот пласман Место 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 етапи 1–3 & 5 25 22 20 18 16 14 12 10 8 6 етапи 4, 6–8 15 12 10 8 6 5 4 3 2 1

Дополнително, постоел бодовен пласман наградуван со зелена маичка. За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови за завршување во првите десет на етапа. На сите етапи, победата носела 15 бода, второто место носело 12 бода, третото 10, четвртото 8, петтото 6 и еден помалку за секое место надолу сè до еден бод за 10. место. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 5 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.

+ Бодови за планинскиот пласман Категорија 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. Екстра 15 12 10 8 6 5 4 3 2 1 Прва 10 8 6 4 2 1         Втора 5 3 2 1             Трета 2 1                 Четврта 1                  

Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со бело-црвена точкеста маичка. За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории. Искачувањата од екстра категорија носеле најмногу бода, 20 за првиот возач преку врвот; првите десет возачи на искачувањата од екстра категорија добивале бодови за планинскиот пласман, првите осум за оние од прва категорија и првите шест за оние од втора категорија. Помалку бодови се добивале на помалите искачувања, обележани со трета или четврта категорија.

Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, наградуван со бела маичка. Пласманот бил пресметуван на истиот начин како генералниот пласман, но тука се натпреварувале само возачите родени по 1 јануари 1992. Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.

+Поредок по етапа Етапа Победник Генерален пласман25п Бодовен пласман25п Планински пласман25п Пласман за млад возач25п Екипен пласман25п 1 Томас де Гент Томас де Гент Томас де Гент Томас де Гент Пјер Латур 2 Арно Демар Сони Колбрели 3 Кун Бауман Арно Демар 4 Ричи Порт Сам Омен 5 Фил Баухаус Кун Бауман 6 Јакоб Фуглсанг Ричи Порт Емануел Бухман 7 Питер Кенох 8 Јакоб Фуглсанг Јакоб Фуглсанг На крај Јакоб Фуглсанг Арно Демар Кун Бауман Емануел Бухман

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Критериум ди Дофине Категорија:Светска турнеја на UCI 2017 Категорија:Франција во 2017 година