Валдет Џафери (роден на година во Гостивар) — македонски правник и политичар.

Животопис

Валдет Џафери е роден на 30 октомври 1989 година во Гостивар. Во 2008 година завршил средно образование во гимназијата во Гостивар. Првично работел како новинар во ТВ Глоби и ТВ 2 во Гостивар. Во 2012 година станал секретар на Економскиот факултет на Државниот универзитет во Тетово. Високо образование завршил во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, и магистерски по кривично право на истиот универзитет. Во периодот 2014-2016 година работел во кабинетот на министерот за правда на Република Македонија.

Во периодот од 5 април 2016 до 1 јуни 2017 година бил Министер за правда на Македонија.

Надворешни врски Влада на Република Македонија

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски Албанци Категорија:Политичари од Гостивар Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2014 Категорија:Политичари од ДУИ Категорија:Министри за правда на Република Македонија