Стенли () — највисока планина во масивот Рувензори, на границата меѓу ДР Конго и Уганда. Со 5.109 м е трета планина по висина во Африка, веднаш по Килиманџаро (5.895 м) и Кенија (5.199 м). Наречена е во чест на истражувачот Хенри Мортон Стенли. Планината е дел од Националниот парк Рувензори, кој е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.Центар за светското наследство на УНЕСКО Неколку од врвовите имаат ледници.

Планината има повеќе врвови: {| class="wikitable" ! align=left|Врв !! Висина |- |Маргарита || 5.109 |- |Александра || 5.091 |- |Алберт || 5.087 |- |Савоја || 4.977 |- |Елена || 4.968 |- |Елизабета || 4.929 |- |Филип || 4.920 |- |Мебиус || 4.916 |- |Голем Заб || 4.603

Прво искачување

Планината првпат е освоена во 1906 г. од дружината на Војводата од Абруци во состав на Ж. Петига, К. Олје, и Ж. Брошерел. Највисокиот врв е наречен по италијанската кралица Маргарита.Peter Bridges, ‘A Prince of Climbers’ , Virginia Quarterly Review, 76-1 (Winter 2000), 38–51.

Наводи

Надворешни врски

Планината Стенли и масивот Рувензори Планината Стенли — Peak Bagger Планина Стенли — Светска енциклопедија на планините на Peakware Планина Стенли — SummitPost

Категорија:Планини во Уганда Категорија:Планини во Демократска Република Конго Категорија:Петилјадници Категорија:Највисоки точки на земјите Категорија:Меѓународни планини во Африка Категорија:Голема Раседна Долина