Диспепсија е состојба на нарушена дигестија. Симптомите може да вклучуваат жиговина, наузеа, ждригање, или абдоминална болка. Пациентите исто така може да се чувствуваат сити порано од очекуваното кога јадат. Диспепсијата често е предизвикана од гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) или гастрит. Во помал број на случаи може да биде првиот симптом на пептичен чир (чир на желудникот или дуоденумот) и повремено на рак. Оттука, необјаснетa новооткриена диспепсија кај луѓе над 55 години или присуството на други алармантни симптоми може да бараат дополнителни испитувања.

Функционална диспепсија (претходно нарекувана нечирна диспепсија) Free full-text претставува диспепсија „без присуство на болест на органите, која би ги објаснила присутните симптоми“. Free full-text . Се проценува дека околу 15% од населението во западните земји имаат функционална диспепсија.

Наводи

Категорија:Болести на системот за варење Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ