Религијата во Чад има значајна улога во животот на луѓето во земјата. Според проценките од 1993 година, околу 53,1% од населението на Чад се муслимани. Христијанството се практикува од страна на 35% од населението, додека во земјата има верници и на Анимизмот со 7,32% и Атеизмот со 3,1%. Според истражувањето на Pew Research Center од 2010 година, 55,7% од населението на Чад се муслиманиhttp://features.pewforum.org/muslim-population/. Огромното мнозинство на муслимани се сунит, додека мал број се шиити. Муслиманите се главно концентрирани во северниот и источниот дел на Чад, додека анимистите и христијаните живеат главно во јужниот дел на Чад."Chad",Encyclopædia Britannica.. Исламот во земјата пристигнал по муслиманските освојувања на регионот Судан, односно во 11 век кога Канемското Царство го примило исламот. Христијанството пристигнало кон крајот на 19 век со пристигнувањето на Французите. Уставот на земјата гарантира верска слобода."Chad", International Religious Freedom Report 2006..
Година Ислам Католицизам Протестантство Анимизам Нерелигиозни Останати 1993 53,1 % 20,1 % 14,2 % 7,3 % 3,1 % 2,2 % 1996-97 53,9 % 23,4 % 16,2 % 2,4 % 4,0 % 2004 57,3 % 21,8 % 17,1 % 3,8 % 2014-15 52,1 % 20,0 % 23,9 + 0,2 (останати христијани) % 0,3 % 2,8 % 0,7 %
Ислам
Исламот станал една динамична политичка и воена сила на Блискиот Исток во децениите веднаш по смртта на Мухамед. До крајот на 7 век, муслиманите пристигнале во Северна Африка и се преселиле на југ во пустината. И покрај тоа што е тешко да се објасни официјалното пристигнување и ширење на исламот во земјата, сепак поголем замав исламот стекнал кога во земјата започнале да пристигнуваат арапски мигранти од истокот кон 14 век, иако исламот бил во голема мера распространет од порано.
И покрај присуството на голем број на Арапи, арапскиот јазик не е мајчиниот јазик на мнозинството на муслиманите од земјата. Како резултат на тоа, иако многу од муслиманите посетувале училишта, тие често ги учеле стиховите на Куранот, без да го разберат неговото значење. Друга одлика е тоа што исламот не бил под големо влијание на големите мистични движења во текот на средниот век или под влијание на настаните во Блискиот Исток, Западна Африка и Судан. Можеби како резултат на подолгиот временски контакт со муслиманските трговци од Западна Африка, муслиманите од Чад се идентификуваат како дел од редот на Тиџанија.
Денеска, муслиманите главно живеат во северните области и нивниот процент варира од53% до 57,8% од населението[J. Gordon Melton, Martin Baumann. Religions of the World: A Comprehensive Encyclopedia of Beliefs and Practices. — Oxford, England: ABC CLIO, 2010. — С. 534. — 3200 с. — ISBN 1-57607-223-1.]. Сунитите се најголема муслиманска група во земјата. Во северниот дел на земјата има приврзаници на редот Кадирија, додека во јужниот дел на Тиџанија. Се проценува дека 5-10% од муслиманите се поддржувачи на фундаменталистички гранки на исламот - Вахабизам и Салафизам.
Во споредба со другите муслимански земји како Саудиска Арабија, исламско образование во Чад е слабо развиеноIslam in Saudi Arabia . «Islamic counsels», Monday April 22, 2013.. Првото муслиманско училиште во Чад било основано во 1918 годинаChad country study. ''Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост. За повисоко студентско исламско образование, учениците одат да се образоваат во други земји, како Египет, Судан и други.
Христијанство
Христијанството во Чад е втора по големина религија во земјата. Првите христијани во Чад биле монаси кои неуспешно се обиделе да воспостават мисија во 1663 година. Во текот на следните два и пол века, земјата останала изолирана од христијанските мисионери, за да мисионерската активност повторно се појави во 19 век, во времето на колинијалната окупација.
Првиот протестанти во земјата биле Баптистите, кои пристигнале во Чад во 1925 година. Во истата година во Нџамена започнала и католичката мисија која продолжила до 1929 година. Во 1960 година имало 139.000 христијани додека во 1980 година - 639.000[Patrick Johnstone, Jason Mandryk. Chad // Operation World 2001. — London: Paternoster Publishing, 2001. — 798 p. — (Operation World Series). — ISBN 1-8507-8357-8.].
Бахајство
Иако бахајството во Чад започнало по независноста од 1960 година, членовите на оваа религија била присутни уште од 1953 година. Свое прво духовно собрание бахајците избрале во 1971 година. Денеска, бројот на верници се проценува дека се движи над 80.000.
Наводи
Надворешни врски