Хакан Чалханоглу (роден на во Манхајм, Германија) — турски фудбалер, играч од средниот ред на Интер и на турската репрезентација.

Тој е познат по својата способност да постигнува голови од слободен удар.

Клупска кариера Својата кариера тој ја започнал во Карслуе во 2010 година, за да подоцна се пресели од другата страна на Хамбург во тимот на Хамбургер две години подоцна, поминувајќи уште една сезона во својот прв клуб на позајмица. Неговите настапи во својата прва сезона во Бундеслигата му го донела трансферот од 14,5 милиони евра во Бајер од Леверкузен во 2014 година.

На 3 јули 2017 година, Чалханоглу потпишал четиригодишен договор со ФК Милан. Надоместокот бил пријавен како првични 20 милиони евра, зголемувајќи се на 24 милиони евра. Својот прв официјален натпревар за Милан го остварил еден месец подоцна во вториот дел од третото квалификациско коло на Лигата на Европа, заменувајќи го Сусо на последните 25 минути со победа од 2-0 над Крајова во Сан Сиро. Тој го постигнал својот прв гол за Милан во победата од 5-1 против Австрија Виена во групната фаза на 14 септември, исто така, обезбедувајќи и две асистенции. На домашен терен, својот прв официјален натпревар за Милан го остварил на 20 август, играјќи 90 минути од победата од 3-0 против ФК Кротоне. Чалханоглу го постигнал својот прв гол во лигата на 25 октомври во победата од 4-1 над Киево, со што станал првиот Турчин кој постигнал погодок во Серија А по Емре Белозоглу во 2003 година.

Репрезентативна кариера

Роден во Германија, Чалханоглу се одлучил да ја претставува Турција на репрезентативно ниво, со што своето деби го остварил во 2013 година.

Наводи

Надворешни врски

Kicker profile

Hakan Çalhanoğlu at EU-football.info Hakan Çalhanoğlu at Topforward

Категорија:Фудбалери на ФК Баер Леверкузен Категорија:Фудбалери на ФК Хамбургер Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Турски фудбалери Категорија:Германски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026