Александар Кирацовски ( во ) — македонски политичар, пратеник од редовите на СДСМ и генерален секретар на партијата. Дипломирал на техничкиот факултет при универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола на машинскиот отсек во 2007. Кирацовски бил потпретседател на Социјалдемократска младина на Македонија во периодот 2010–2012, а пред тоа и претседател на битолскиот огранок на СДММ во периодот 2008–2010. Повремено пишувал колумни во дневниот весник „Дневник“.

Кирацовски бил дополнителен заменик-министер во министерството за информатичко општество и администрација во техничката влада на Емил Димитриев во периодот 2015–2016, а потоа бил избран за пратеник на парламентарните избори во 2016 како втор носител на список на СДСМ во петтата изборна единица, каде партијата освоила девет мандати. На партискиот конгрес во јуни 2017 тој бил именуван за генерален секретар на СДСМ, откако во претходниот мандат 2013–2017 бил потпретседател на партијата.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски архитекти Категорија:Политичари од Битола Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Пратенички состав 2016-2020